ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заедничка работна група на Србија, Албанија и Северна Македонија за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти

July 25, 2022 23:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ денеска во Тирана изјави дека министрите од Северна Македонија и Албанија ја прифатиле иницијативата на Србија за формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа рече дека за енергетска безбедност на регионот во кризни услови потребна е солидарност, поврзаност и заедничка работа на стратешки проекти.

-Сите ние во регионот сме под голем притисок да се осигураме дека се ќе биде доволно за зимата, но важно е, покрај решавањето на тековните проблеми со снабдувањето, да разговараме и за стратешки проекти и потенцијални заеднички инвестиции, кои ќе го направат целиот регион енергетски постабилен. Треба на двете патеки да работиме истовремено. Сите ние имаме одредени компаративни предности, одредени недостатоци и потреба да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност. Нашиот предлог беше да се формира заедничка работна група на Србија, Северна Македонија и Албанија, која ќе се занимава со решавање на проблемите оваа зима, но и со потенцијална соработка на големи стратешки проекти и драго ми е што другите министри го прифатија овој предлог, рече Михајловиќ која зборуваше на панелот за енергетска безбедност на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан во Тирана, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа изјави дека нема причина да не се разговара само за поврзување на пазарите, туку и за заедничко балансирање, што е неопходно во сите земји од регионот.

-Албанија е доста зависна од обновливи изворина енергија (ОИЕ) и во моментот кога има проблем со ОИЕ треба да има базна енергија и ова прашање е важно и за Србија и за Северна Македонија, рече Михајловиќ.

Очекувам, додаде, од следната недела да почнеме да работиме во рамките на работната група и на претседателите и премиерите на нашите земји да им презентираме предлози за заеднички инвестиции, без разлика дали се работи за соларни електрани, ветерни електрани, заеднички балансирање, пазарно поврзување, гасни интерконекции или можеби дури и подземни складишта за гас.

Таа нагласи дека не е доволно само една земја да биде енергетски сигурна, туку потребно е меѓусебно да си помагаме, да бидеме солидарни бидејќи никој не знае точно каква ќе биде состојбата зимава.

-Србија донесе нови закони во областа на енергетиката, најголем дел од подзаконските акти, при крај е со изработката на стратешките документи и има нов инвестициски план. Во тек е изградба на гасна интерконекција со Бугарија, која ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, а планираме да се поврземе и со другите соседи, пред се со Северна Македонија и Романија. Заинтересирани сме и за можностите за подобра соработка и поврзување со Албанија, кога станува збор за планираниот терминал за ЛНГ, како и за подобро поврзување во регионот кога станува збор за високонапонската мрежа. Сите овие меѓусебни врски ќе овозможат поголема енергетска стабилност не само за Србија, туку и за регионот, рече Михајловиќ.

На панелот на кој учествуваа ресорните министри од Албанија, Србија и Северна Македонија разговарано е за актуелната состојба во енергетскиот сектор во сите три земји, како и можностите да се придонесе за поголема енергетска стабилност во регионот преку поблиска соработка и искористување на компаративните предности на секоја земја.

Next Post

Спречен пожар од поголеми размери помеѓу селата Стар Истевник и Панчарево

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk