ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руското гранатирање на украински градови продолжува, најмалку четири лица загинати изминатово деноноќие

August 4, 2022 12:38
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

 

Руското гранатирање на украински градови продолжи и во текот на изминатово деноноќие, при што во нападите се регистрирани најмалку четири загинати лица. Во Донецкиот регион од ракетирањата загинаа три лица, а најмалку пет цивили се повредени, јавува Укринформ. Со ракети биле погодени градовите Бахмут, Маринка и Шевченко.

Гардијан јавува дека Русија со 55 проектили погодила три градови во регионот Суми на североистокот на Украина. Нема загинати и повредени лица во нападите, но оштетени се комерцијални зданија и домови. Во Харкивската област на истокот на Украина, во ракетирањата на градовите Харкив и Чухуив загина најмалку еден цивил во изминатово деноноќие, а пет лица биле хоспитализирани во болниците, пренесува Укринформ, пишува Мета.мк.

Од руското гранатирање не беа поштедени ниту пристанишниот град Миколаив на југот на Украина и населени места во регионот Днипропетровск во централниот дел на Украина. Во Миколаив изминатата ноќ во ракетирањето биле погодени станбени згради во две населби, но нема информации за загинати и повредени лица, јавува Укринформ.

Најмалку 50 куќи биле оштетени, а еден дом уништен, во синоќешното ракетирање на градот Никопол во регионот Днипропетровск. Овој град со денови е под силни ракетни напади од руската војска, а само во изминатово деноноќие биле истрелани 60 ракети кон населеното место, пренесува Укринформ.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси го повтори апелот за да им се овозможи пристап во нуклеарната електрана во регионот Запорожје, која во моментов е под руска окупација, но со украински персонал кој продолжува да го одржува објектот во функција, јавува Гардијан. Гроси додаде дека комуникацијата со најголемата нуклеарна електрана во Европа не функционира секојдневно, а нивен персонал нема пристап до самиот објект за да се осигура дека нејзиното работење не претставува извор за опасност.

 

Next Post

Тајван: Кина лансираше 11 балистички ракети во водите во близина на островот

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk