ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МТСП за малолетниците што собираат отпад во Шуто Оризари: Случаите на злоупотреба да се пријават во подрачното одделение за социјална заштита, Шуто Оризари нема пријавено ниту еден

August 19, 2022 11:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Редакцијата на Зелен ЦИВИЛ вчера се обрати до Министерството за труд и социјална политика за коментар или образложение на изјавата на раководителот на Одделението за животна средина во Општина Шуто Оризари, Георги Клинчаревски, за праксата малолетник да изнесува отпад на запрежни коли и да не се знае каде завршува тој отпад.

„Според Законот за социјална заштита, кај малолетно лице се поставува старател доколку лицето е без родители и родителска грижа или родителите се спречени да го вршат родителското право. На подрачје на Општина Шуто Оризари има подрачно Одделение за давање на права и услуги од областа на социјалната и детска заштита и во случај на сомнеж дека некое дете е злоупотребено треба истото да биде пријавено во подрачното одделение. По добиената пријава стручниот тим ќе ја утврди фактичката состојба и ќе постапи согласно Законот за социјала заштита“, одговорија од МТСП на прашањето на ЦИВИЛ дали се запознаени со праксата во Шуто Оризари за ангажирање малолетници за транспорт на отпад.

Во својата изјава Клинчаревски на панелот на Зелен ЦИВИЛ „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“ вели дека: „Еколошката свест на населението е на ниско ниво. На нив им е полесно да најдат некој малолетник. Кантите со отпад, да ги фрлат во кола со коњи и тоа дете ги носи некаде. Малолетник, а според Законот за малолетници ние не смееме да интервенираме. Треба да има старател, не можеме него да го казниме. Исто и полицијата.  Има и такви случаи кои ние не можеме да ги решиме“.

Во телефонски разговор со Клинчаревски побаравме коментар за одговорот на МТСП и го прашавме дали некогаш во било која прилика пријавиле случај каде малолетник бил искористен за пренос на отпад.

Клинчаревски потврди дека подрачното Одделение за социјална и детска заштита функционира, работи, но досега не пријавиле ниту еден случај. Најголемиот проблем е што не можат да ги легитимираат децата, ниту да дознаат за нивните старатели или родители. Проблемот е што граѓаните се кријат меѓу себе и кога и да прашаат велат дека не ги познаваат. Клинччаревски вели дека имаа тројца комунални редари кои работа до 16 часот, па е тешко да се детектираат ваквите случаи во попладневните и вечерни часови.

Клинчаревски рече дека и редарите и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ќе ги запознае со одговорот од МТСП и ќе гледаат да ги анулираат ваквите случувања во иднина.

Извор: Зелен Цивил

Next Post

Русковска ќе поднесе жалба за нејзина суспензија до Советот на јавни обвинители

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk