ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ФОТО) Во центарот на Скопје се отвори „Алејата на Украина“

September 12, 2022 13:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Денеска во центарот на Скопје се отвори „Алејата на Украина“. Отворањето беше реализирано од страна на Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Вонредната и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, и Претседателот на Здружението на Украинци „Лесја Украинка“,  Олександр Урбанович. Воедно, меѓу присутните беше и Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Република Северна Македонија во Украина, Крум Ефремов.

Ова е исклучително важна поддршка на нашата држава од страна на македонското општество, особено за време на вооружената агресија на руската федерација против Украина, истакна украинската амбасадорка Лариса Дир во пригодниот говор.

„Војната веќе одзема многу животи од нашата држава, животи на деца, војници, волонтери, цивили,… Украина продолжува херојски да го брани не само сопствениот територијален интегритет и суверенитет. Украина, украинските војници и обичните луѓе во Украина ги бранат европските и универзалните човечки вредности по цена на сопствениот живот. Русија, државата терорист, ја продолжува својата крвава напаѓачка политика, продолжува да бомбардира цивилна инфраструктура, трговски центри, болници, железнички станици, цркви, училишта и градинки, да го уништува културното наследство на украинскиот народ“, истакна Амбасадорката.

Таа нагласи дека Северна Македонија ја поддржува и ѝ помага на Украина во сите можни сфери. Вие сте наши сигурни пријатели и сојузници, ние заедно со вас се бориме за демократската иднина на светот, рече амбасадорката Дир..

Во својот говор, таа ѝ се заблагодарам на Општина Центар, на македонскиот народ за поддршката и на патриотското здружение на Украинците.

На настанот беа изложени фотографии од уништеното културно наследство на Украина.

„Фотографиите ги покажуваат последиците од погодените од страна на руски ракети и руски авиони цркви, училишта, спортски терени, библиотеки, болници. Некогаш просперитетните градови сега се претворени во руини. Но, ние ќе ги обновиме, ќе издржиме, ќе победиме“, рече амбасадорката Дир.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека „Алејата на Украина“, ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и украинскиот народ.

„Алејата на Украина“ која денеска ја отворивме со украинската амбасадорка Лариса Дир и претседателот на Здружението на украинците Олександр Урбанович ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина и украинскиот народ.
Општина Центар и досега во неколку наврати даде неизмерна поддршка во овие тешки месеци за Украина. Нашите жители веќе згрижија неколку семејства меѓу кои и мајка со новороденче.
Ние продолжуваме да бидеме хумани и отворени за помош и поддршка на сите семејства и поединци кои доаѓаат од завојуваните подрачја во Општина Центар“, истакна Герасимовски.
Ј. Ѓ.
Фото: Цивил Медиа

 

Next Post
фото: МИА

Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025
Фото: МИА

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025
ФОТО: Општина Карпош

Јакимовски: Ја оставам општината со 72 милиони денари на жиро сметка и со измирени тековни обврски

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk