ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските псевдо – референдуми во окупираните делови на Украина осудени на пропаст, не добија поддршка дури ни од сојузниците на Путин

September 29, 2022 22:34
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија организираше псевдо-референдуми во окупираните делови на Украина, регионите Керсон и Запорижја на југ и проруските, сепаратистички „републики“ во Луганск и Доњецк на истокот на Украина. Овие региони сочинуваат околу 15% од територијата на Украина.

Лажното изразување на „народната волја“ на привремено окупираните територии на Украина се одржа на 23-27 септември. Иако гласачките ливчиња беа веќе подготвени однапред, Русија, за целите на својата пропаганда, ги принуди луѓето да учествуваат на овие лажни референдуми, референдумските службеници ги запираа додека се движеа на улиците и ги посетуваа во нивните домови или на работното место.

Овие референдум, кои меѓународната заедница ги опишува како „измама“, се смета дека ќе послужат како изговор за Русија да ги анектира окупираните  територии. Резултатите од референдумите, на кои беа широко распространети практиките за присилно и незаконско гласање покажале дека помеѓу 87% и 99% од жителите во тие региони гласале за приклучување кон Руската Федерација.

Резултатите се сметаат за наместени, а Украина и нејзините западни сојузници ги осудија како лажни и рекоа дека никогаш нема да ги признаат.

Но, што е можеби уште позначајно, но и позагрижувачко за Кремљ и самиот Путин, овие псево-референдуми не наидоа на поддршка ниту меѓу неговите сојузниците.

Во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи изјави се вели дека „присилувањето на луѓето на овие територии да пополнат некои документи пред цевката од пиштолот е уште едно руско злосторство во текот на нејзината агресија против Украина“ и дека окупираните региони остануваат суверена територија на Украина, повикувајќи ја меѓународната заедница да го осуди последниот чин на агресија на Русија и побараа веднаш да ја казни Москва со повеќе санкции во обид да се запре анексијата.

Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, во изјава за Цивил Медиа го повтори ставот на украинското МНР дека Украина никогаш нема да ги признае таканаречените резултати од псевдореферендумите кои што кремљ ги одржа на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област во Украина, под нишан на руските автоматски пушки.

Лажните „референдуми“ одржани од страна на воените злосторници не ги менуваат административно-територијалните граници на Украина, наместо тоа, тие создаваат основа за ескалација; претставуваат продолжение на геноцидот од страна на руската федерација врз Украинците, теророт на украинско тло, заплашувањето, инвазијата, изјави Дир.

Во петокот, Белата куќа соопшти дека САД, заедно со своите сојузници и учесници, се подготвени да преземат дополнителни мерки за испраќање на „брзи и сериозни решенија за Русија“ како одговор на руските псевдо-референдуми со цел заземање делови од Украина.

Портпаролката Карин Жан-Пјер на брифингот предизвикан од одржувањето на руките фиктивни референдуми на окупираните територии на Украина, го повтори ставот дек тоа е „еклатантно кршење на меѓународните права и протоколи за тестирање на суверенитетот и територијалниот интегритет, кои се во основата на меѓународниот систем на права“,

„Ние ќе продолжиме цврсто да стоиме на страната на народот на Украина и ќе ја поддржиме нивната невидена безбедносна поддршка за да им помогне на [украинците] нивниот удел… и слобода“, рече Карин Жан-Пјер.

Лажните референдуми во Украина се јасно кршење на меѓународното право, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој истакна дека телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кому „јасно му ставил до знаење дека сојузниците на НАТО се непоколебливи во нивната поддршка за суверенитетот на Украина и правото на самоодбрана“.

Членовите на Европскиот парламент, кои ги претставуваат речиси сите клучни политички групи, дадоа заедничка изјава во која ги осудуваат нелегалните и лажни референдуми што Русија се обидува да ги одржи на привремено окупираните територии на Украина.

„Го осудуваме организирањето на таканаречените референдуми на териториите на Украина привремено окупирани од Русија, кои ги сметаме за нелегални, резултатите се политички однапред одредени и нема да бидат признаени. Овие незаконски обиди дополнително го поткопуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Украина и претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и меѓународните договори, вклучително и Повелбата на ОН, завршниот акт на Хелсинки, Париската повелба и Меморандумот од Будимпешта“, се вели во заедничката изјава на членовите на Европскиот парламент потпишана од 60 европратеници.

Ние ги разбираме овие акции како руски очај како одговор на воениот напредок на Украина во последните недели, кога беа ослободени дел од териториите окупирани од Русија, стои во изјавата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека канадската влада има намера да воведе санкции за лица и субјекти вклучени во одржување на лажни референдуми во четири региони на Украина привремено окупирани од Русија.

„Канада не ги признава и нема никогаш да ги признае резултатите од овие лажни референдуми или обидот за нелегална анексија на украинските територии од страна на Русија. Канада и нејзините меѓународни партнери ќе продолжат да ја поддржуваат Украина против нападите на Путин врз нејзиниот територијален интегритет и меѓународниот поредок заснован на правила. Како одговор на оваа понатамошна ескалација, имаме намера да воведеме нови санкции против лица и субјекти кои се соучесници во овој последен обид за поткопување на принципите на државниот суверенитет и кои ја делат одговорноста за тековното бесмислено крвопролевање низ Украина“, рече Трудо.

И Велика Британија, големиот поддршувач на Украина во борбата против руската агресија

објави  воведување дополнителни 92 санкции како одговор на рускиот режим кој наметна лажни референдуми во четири региони на Украина.

„Денешните санкции ќе бидат насочени кон оние кои стојат зад овие лажни гласови, како и поединците кои продолжуваат да ја поддржуваат агресивната војна на рускиот режим. изјави министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Германскиот канцелар Олаф Шолц му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Берлин никогаш нема да ги признае резултатите од лажните референдуми на привремено окупираните територии на Украина.

„Лажните референдуми што Путин ги спроведе во незаконски окупираните области на Украина се безвредни. Тие се нелегални според меѓународното право. Германија никогаш нема да ги признае наводните резултати. Денеска го уверив украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор“, напиша тој.

И Франција најави дека целосно ќе ги поддржи санкциите на ЕУ против Русија како одговор на лажните референдуми.

Министерката за Европа и надворешни работи на Франција Кетрин Колона на заедничкиот брифинг со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба во Киевизјави дека лидерот на земјата агресор Владимир Путин ја усвои реториката на ескалација: најави делумна мобилизација, организираше лажни референдуми и ќе ја користи реториката на ескалација во нуклеарното прашање. Сепак, сето тоа нема да ја одвлече Франција ниту од нејзините принципи, ниту од нејзината цел.

„Ако Русија ги признае резултатите од овие незаконски референдуми, ќе има нови санкции. Ќе има санкции што ќе ги усвои Европската унија, а Франција целосно ќе ги поддржи овие санкции“, нагласи Колона.

Кон ставот на сојузниците за непризнавање на лажните резултати од псевдо – референдумите на окупираните територии на Украина се приклучи и Северна Македонија, која од самиот почеток е голем подржувач на борбата на Украинскиот народ во борбата со руските агресори.

“Тоа што направи Русија е кршење на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура. Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми”, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на редовниот брифинг со новинарите во врска со референдумите во окупираните територии од Русија во Украина.

Но, она што дополнително треба да го загрижува рускиот претседател Владимир Путие е изостанокот на поддршка за лажните  референдуми од неговите, и онака малубројни сојузници.

Поранешната Советска република Казахстан најави дека нема да ја признае евентуалната анексија на украинските територии заземени од Русија преку лажни референдуми одржани таму.

Ова во понеделникот го соопшти Министерството за надворешни работи на Казахстан.

„Што се однесува до одржувањето на референдумите… Казахстан произлегува од принципите на територијалниот интегритет на државите, нивната суверена еквивалентност и мирен соживот“, рече портпаролот на министерството Аибек Смадијаров.

На истиот став е големата светска сила Кина , во која Путин полагаше големи адежи дека ќе ја придобие на своја страна во борбата против „западниот хегемонизам“

Кина во вторникот повтори дека суверенитетот на сите земји треба да се почитува откако Русија со спроведување на псевдо – референдумот во окупираните региони на Украина.

„Кина секогаш го подржувала ставот дека суверенот и територијалниот интегритет на сите земји треба да се почитува“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на прес-конференција во Пекинг.

Тој додаде и дека „Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, треба сериозно да се сфатат легитимните безбедносни грижи на сите земји и да се поддржат сите напори за мирно решавање на секоја криза“

И Србија, иако се спротистави на санкциите кон Русија, и одржува силни дипломатки и економски врски со Москав, не ги поддржува лажните референдуми во окупираните региони во Украина.

Шефот на српската дипломатија, Никола Селаковиќ изјави дека Србија, согласно нормите на меѓународното право, нема да може да ги прифати резултатите од руските референдуми во Украина.

„Од една страна, постои нашата посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна, тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика, на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите“, истакна Селаковиќ.

Барем досега, најголемиот поддржувач и сојузник на Москва во војната во Украина, Белорусија сеуште официјално се нема изјаснето за резултатите од одржаните лажни референдуми на окупираните региони во Украина. Иако се очекуваше дека оттаму ќе стигне првата потврда на резултатите за припојување кон Русија на овие региони, белорускиот автократ Александар Лукашенко сеуште „мудро“ молчи.

ДРАГАН МИШЕВ / ЦивилМедиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk