ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со потпишаниот Договор со Албанија, 20 икони се враќаат назад во земјава

November 14, 2022 14:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Договор за соработка за враќање на незаконски изнесени икони од земјата на потекло потпишаа министерките за култура на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити, како дел од меѓувладината седница на двете земји.

– Со потпишувањето на овој Договор се отвора и ново поглавје во односите меѓу двете држави, особено во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област. Северна Македонија и Албанија, земји кои се кандатки за членство во ЕУ, демонстрираат сериозна посветеност кон почитувањето на меѓународните конвенции. Двете земји покажуваат дека соседите може да имаат соработка преку доследно почитување на важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство – потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека овој Договор е дел од Конвенцијата за мерките за забрана и спречување на недозволен увоз, извоз и пренос на сопственоста на културните добра на Организацијата на Обединетите нации, за просвета, наука и култура, од 1970 година (чиј потписник е и Република Албанија), како и од Конвенцијата за украдени или незаконски извезени културни добра на Меѓународниот институт за унификација на приватното право, од 1995 година.

Сите податоци поврзани со иконите, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги достави до надлежните органи во Република Албанија и тие, заедно со запленетите икони, беа доказ во кривичната постапка што за случајот „ИКОНА“ се водеше во Судот на судскиот округ во Тирана, Република Албанија.

Со потпишувањето на овој Договор и враќањето на иконите од македонските цркви и манастири, двете влади манифестираат заедничка посветеност во негувањето на вредното културно наследство, посветеност во продлабочувањето и унапредувањето на односите во областа на културата, почитувајќи ги меѓународните прописи чии потписнички се обете земји.

Во 2013 година на територијата на Република Албанија беа запленети голем број  икони и црковни предмети. Според официјалните податоци во комуникацијата и преку размената на информации и сознанија меѓу надлежните органи на двете земји, беше лоцирано дека 20 икони не се со потекло од Албанија, односно дека постојат индиции дека се нелегално изнесени од Северна Македонија.

При увидот на запленетите икони што го извршија македонски експерти, кои изготвија стручен наод и мислење, се утврди дека потеклото на иконите е од црквите и манастирите на нашата земја.

– Во изминатиот период беше разменета целокупната документација за идентификување на 20-те вредни икони, а албански експерти остварија и увид во црквите во Северна Македонија на кои им припаѓаат иконите, со што се утврди дека предметните икони се составен дел на неколку збирки икони, и тоа: на збирката икони од црквата „Св. Атанасиј“, с. Долно Перово, Општина Ресен, припаѓаат пет икони; три икони се дел од збирката на црквата „Св. Богородица“, с. Ѓавато, Општина Битола; пет припаѓаат на црквата „Св. Атанасиј“, с. Селци, Општина Струга; три икони припаѓаат на црквата „Св. Никола“, с. Радожда, Општина Струга и три се дел од збирката на црквата „Св. Богородица“, с. Буринец, Општина Струга – додаде министерката.

Таа информира дека во идентификувањето на иконите голем придонес има историчарот на уметноста, д-р Сашо Цветковски, од МАНУ.

Иконите се резултат на богатата домашна иконописна традиција од 19 век и имаат историска, уметничка, културна и научна вредност. Иконите, како автентични предмети од движното културно наследство, се документирани и во посебниот „Регистар на евидентирани икони на територија на СРМ“ од 1987 година што се води во Националниот конзерваторски центар.

Next Post

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Р.Северна Македонија и Министерството за здравство и социјална заштита на Р.Албанија

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk