ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со Николоски А. и неговите десничарски мантри против Албанците, не знам каква иднина овде може да нè чека

November 28, 2022 12:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Да ви кажам искрено, кога го слушам Александар Николоски кај што вели, „ние ќе дојдеме до 61 пратеник за да не можат Албанците да не уценуваат“, на ваква изјава, пристоен човек не може да не го разбере освен како еден симптом на „припитомен неофашизам“ или неонацизам.

Добрата работа во оваа глупава и дискриминаторска изјава е што Николоски и неговите се во опозиција, така што не би можеле да отвaраат „концентрациони логори“, ама прават сè само за да ги оправдаат и дефинираат причините на оние кои во 30-тите и 40-тите години од минатиот век практично тоа го правеа.

За Николовски и неговите, Албанците се закана која ги попречува за да стигнат до изврашната власт; што значи, од Албанците се обидуваат да направат ултимативно зло. А немојте да бидеме наивни: кога дереш по еден малцински народ, што те запира да дереш по секое друго малцинство? Што те запира утре на ист принцип така да ги дефинираш и Ромите, и Турците, и Бошњаците, и Србите, и Бугарите, и Хрватите, и Црногорците…?

Фашизмот не е збор без содржина, во таа содржина Николоски го дефинира и својот светонадзор: ние сме најбројни, а вие ќе работите и егзистирате на нашата добра волја. Што значи, ако бидете добри, ако не ни се противите, ќе имате од колачот, ако не биде така, тогаш ќе имаме 61 пратеник за вие да не можете да не уценувате.

Кажете ми, ве молам, каква Европа може да не очекува со светонадзорот на Николоски?

Да бидам уште малку искрен. Ваквите изјави на Николоски прават луѓето од оваа земја да си одат. И луѓето не си одат од тука заради економски, туку си одат од тука заради политички причини.

Замислете сега, имате некој цреп што се добрал до извршната власт. Се качил на бина и вели пред целата нација: ние ќе правиме наша, македонска влада со македонски пратеници. Целта на таа влада е за да не можат останатите малцинства да нè уценуваат?

Не само што овој погоре ќе ги дискриминира луѓето, туку ја убива во поим и желбата и волјата на луѓето за работа и подобар живот. Заради вакво однесување, заради ваков светонадзор, заради ваква зловолја настана Европа, а богами настана и Америка.

Заради ваква реторика на Николоски, денешните политички и економски мигранти се раштркани по светот. Заради ваква реторика и во минатото луѓето си заминуваат од тука.

Јас во оваа земја сум живеел во три града. Не затоа што некој од некаде ме набркал, туку затоа што тоа сум го сакал, затоа што околностите тоа го барале, и затоа што сум човек што растел, живеел и работел со луѓе кои се декласирани на многу нивоа.

Провинцијата, внатрешноста, работ на цивилизацијата е мојот свет. Ние, луѓето од внатрешноста, лишени сме од предрасуди; ние од внатрешноста знаеме дека луѓето од другите култури, од побогатите култури не се лоши луѓе и не ни мислат ништо лошо…

Една од карактеристичните десничарски мантри е дека бегалците, туѓите, дојденците или етнички различните луѓе заговараат друга култура, заговараат друг начин на живот за, кој, потоа, го загрозува нашиот начин на живот.

Јас не верувам дека така може да се оспори „начинот на живот“, освен можеби во Саудиска Арабија или Јужна Кореа – и што е апсурдно да се верува дека колективните маси може да влијаат на мнозинскиот граѓански слој кој нормално ќе ги конзумира сите човечки и граѓански права.

Сиријците, на пример, со нивниот претходен живот, не се разликуваат по многу од Eвропјаните. Живееја исто како што живееме и ние денес. Само што војната ги спречи да ја остварат својата можност да си го остварат својот начин на живот.

Исто денес се случува и со Украина и Украинците. Не се тоа лоши луѓе, тие се луѓе што ја посакуваат Европа, само што инвазијата на оној пореметен диктатор ги спречува во тоа.

Е, истото ви е и со Албанците, со Ромите, со Турците, со Србите… истото ви е со сите луѓе на овој свет. Сите сакаат да работат и живеат подобар живот. Во својата земја во која има место за сите.

Само ѓубре од човек во овие работи не верува. Тоа сака да толчи, поробува и владее.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Александар Николоскидесничарски мантринационализам

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk