ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бесими: Резултатите во борбата против корупцијата се исклучително битни за економската перспектива на државата и за инвестициите

December 9, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Справувањето со корупцијата без исклучок секогаш има две страни – оние што ја практикуваат и оние што се учесници за да постигнат одредена корист. И двете страни имаат иста одговоорност. Тогаш кога и едната и другата страна ќе кажат не на оваа појава ние ќе бидеме голем чекор напред кон успех на тоа што го декларираме.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот во Владата организиран од вицепремиерката за политики за добро управување, во соработка со вицепремиерот за европски прашања на кој се обрати и евроамбасадорот Дејвид Гир, а на кој учествуваат претствници на институциите со надлежност за справување со корупцијата. Тој нагласи дека ваквата цел бара и индивидуална и колективна свест за да се намали овој штетен феномен или целосно да биде искоренет во општетството, но и вклученост на институциите користејќи се при тоа со речникот на фудбалот.

-Со воведувањето на ВАР системот, со помош на технологијата  се доби  механизам за контрола на грешките во однос на тоа дали е даден гол од офсајр или со игра со рака, со што фудбалот станува поквалитетен. Значи потребни ни се институции, механизми и резултати, а помош во оваа борба ни даваат меѓународните институции и Извештајот на ЕК, рече Бесими.

Во делот на финансиската контрола тој наведе дека како Министерство работат на Предлог закон за системот за внатрешна финансиска  контрола во јавниот сектор, на закон за финансиска инспекција во јавниот сектор, на нацрт закон за државна ревизија, потоа на закон за решавање на нефер банкарски практики и промовирање на заштита на потрошувачите, како и на воспоставување финансиски омбудсман.

-Во врска со Слободно движење на капитал,  добар напредок е постигнат во натамошното усогласување со правото на ЕУ, преку усвојувањето на законодавството за платните системи како и преку нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. За нотирање е дека во август минатата година се усвои Националната стратегија за спречување на перење на пари финансирање на тероризам 2021 – 2024. Оваа стратегија на среден рок ги дефинира активностите кои треба да го унапредат системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во битката на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, од исклучително значење е координацијата со и помеѓу Агенцијата за финансиско разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, Државната комисија за спречување на корупцијата и Управата за финанска полиција, подвлече Бесими.

Важна е, нагласи тој и борбата против неформалната економија како еден од изворите за корупција и финансирање на тероризам.

-Имаме Акциски план за сузбивање на сивата економија 2021-2022 година. Дополнително од јануари ќе имаме нов Акциски план а пероодот 2023 – 2025 година со конктерни мерки за постигнување резулати за што е потребна соработка на сите институции и голема волја на сите чинители. Перцепцијата за корупцијата може да се промени само тогаш кога ќе имаме резултати. Уверен сум дека нашата заложба и пат кон членството во ЕУ, започнатите преговори како и конзистентната борба со корупцијата ќе биде клучна за нејзино сузбивање. Се надевам дека денешната слика во наредната година ќе покаже тренд на подобрување, а тоа е исклучително битно и за економската перспектива на општетството и за инвестициите, порача Бесими.

Tags: Бесимиборба против корупцијаЕвропска Унијаинтеграции
Next Post

Европската Унија забранува увоз на производи кои придонесуваат за уништување на шумите – Што се менува со договорот?

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk