ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Заев ја сумираше работата на Фондацијата во 2022: Повикувам да помагаме, да направиме подобро за луѓето околу нас, без разлика дали ги познаваме или не

December 30, 2022 23:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршуваме година во која доминираа моментите посветени на животот, на солидарноста, на хуманоста, на сегашноста и иднината, напиша Зоран Заев на социјалните мрежи и повика на хуманост и солидарност меѓу луѓето.

„Потсетувајќи на сѐ што сме постигнале во минатото, повикувам да ги искористиме празничните денови и да дадеме уште поголемо значење на вредностите кои носат радост. Повикувам да помагаме, да направиме сѐ што можеме да им биде подобро на луѓето околу нас, без разлика дали ги познаваме или не“ – напиша поранешниот премиер.

Целта на Фондацијата Заев е да ги направи општествата поубави места за живеење. Заев напиша дека неговата фондација, преку низа предновогодишни активности, но и преку целата година, подава рака и дава директна помош на различни индивидуи, групи, заедници и институции.

„Покрај директната помош на ранливите категории и на институциите кои им помагаат на граѓаните, преку серија активности, настани и конференции, ги поддржавме политиките на регионална соработка, соживот, мир, добрососедство и демократски развој, како и промоцијата на македонскиот јазик дома, но и насекаде низ светот“ – пишува Заев.

Освен како политичар, лидер и државник, Зоран Заев отсекогаш го следи имиџот на хуманист и филантроп. Тој е познат како борец за човекови права и слободи и надвор од границите на нашата земја, како во регионот, така и во Европа. Меѓународната награда за човекови права за 2020 година во Берлин е само една од многубројните меѓународни награди и признанија што ги доби Зоран Заев во изминатите години.

Фондацијата Заев беше извонредно активна од првиот ден на основањето.

„Во 2023 година да продолжиме да даваме поддршка секому. Еден спасен живот – спасен цел свет. Една насмевка повеќе – радост за цел свет“ – пишува Заев.

Зоран Заев наброја дел од активностите на Фондацијата “Заев – едно општество за сите” во 2022 година.

– Обезбедивме апарат за реанимација на новороденчиња за Клиниката по гинекологија и акушерство во Скопје, апарат кој досега не постоеше на Клиниката а со кој се спасуваат животи на новороденчиња, особено оние кои се родени пред време.

– Дониравме апарат за дијагностика од областа на урологијата во струмичката болница.

– Поделивме пакетчиња за деца на улица, деца на самохрани родители, деца без лична документација и деца на бездомни родители во ромските маала од скопските општини: Шуто Оризари, Аеродром (Керамидница), Гази Баба (Кванташки пазар), Карпош (Момин поток), Бутел (Визбегово) и Маџари (Рамка), во соработка со невладината Амбрела.

– Овозможивме екскурзија и посета на Крушево за децата корисници на социјални услуги од групните домови при јавните установи „11 Октомври“ и „25 Мај“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

– Ги поддржавме спортските новинари од регионот да ја продолжат својата мисија за соработка и промоција на мирот преку спортски активности.

– Доделивме вредносни ваучери за директна помош на 150 семејства од социјално ранливи категории.

– Обезбедивме перики за жените борки кои се справуваат со ракот на дојка и заедно со нив упативме порака за навремени прегледи со цел рана превенција на ракот и со тоа создавање можност сечиj живот да победи и продолжи понатаму.

– Помогнавме социјални активности на 350 деца од установата „Детска радост“ – Струмица, во рамки на одбележувањето на Неделата на детето.

– Дониравме спортски реквизити на Здружението на пензионери – Струмица.

– Го поддржавме ликовниот хепенинг по повод Денот на мирот организиран од учениците и менторите од училиштата од Струмица, Ново Село, Босилово и Василевово, во соработка со Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица.

– Го поддржавме театарскиот проект “Сам против сите” чија тема е борбата против анксиозноста и депресијата.

– Дониравме помош за семејствата на четири куќи од Прилеп кои беа опожарени од удар на гром, во соработка со СОС Детско село.

– Ги поддржавме со донација Амир Дестанов од „Дневниот центар за деца на улица“ и ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари и младиот генијалец Македон Димитровски, ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово, честитајќи им го Меѓународниот ден на младите.

– Испративме 20 тони македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население кое ја брани својата сувереност во Украина.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Зоран ЗаевфилантропијаФондација Заевхуманитарна помош
Next Post

Хуманитарна акција за Марко Здравковски во Хотел Монтана во Крушево

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk