ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Две години после нападот врз Капитол Хил, 6 јануари уште повеќе мириса на 27 април

January 6, 2023 14:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ

Напад врз домот на демократијата, спречување мирен трансфер на власта, странски интервенции врз демократски држави, насилство, крв, трауми, партиски челници како организатори – ова се сличностите меѓу насилниот упад врз Капитол Хил, зградата на Конгресот на САД, на 6 јануари 2021 година и насилниот упад врз македонскиот Парламент на 27 април 2017 година.

Домот на Конгресот на САД, Капитол Хил, на почетокот од годинава повторно се отвори за туристички посети после периодот на затворање поради пандемијата од 2020 година и точно две години после насилствата предизвикани од поддржувачите на Трамп кои беа незадоволни од изборниот пораз.

Две години наназад, после повеќемесечно „загревање на атмосферата“ со прогласување наводни изборни кражби, на 6 јануари 2021 година, околу пладне, Трамп одржа едночасовен говор во кој ги охрабри илјадниците разулавени демонстранти да измаршираат до Капитол Хил. 19 минути пред Трамп да го заврши својот говор, демонстрантите веќе ја имаа заобиколено зградата на Конгресот. Трамп го заврши својот говор со следниве зборови: „Се бориме. Се бориме како пекол и ако не се бориш како пекол, нема да имаш веќе држава“.

Случајно слично, или слично со причина, на 26 февруари 2017, кога Заев собра 67 пратенички потписи и најави дека ќе оди кај Иванов да побара мандат за влада, Никола Груевски во интервју на Сител го повика „својот народ“ да не седел дома по папучи. По ова интервју на Сител, на 27 февруари почнаа протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ што кулминираа со насилниот напад врз Собранието и врз пратениците на 27 април 2017.

И во Вашингтон, и во Скопје, демонстрантите го креваа нивото на тензија од час во час, сѐ до моментите на пробивање на полициските кордони и насилно влегување низ официјалните влезови. Во Капитол Хил влегоа околу 2.000 демонстранти, во македонското Собрание околу 300. Внатре беше речиси сѐ исто – кршење, дивеење, тепање – освен што во Вашингтон насилниците не беа оставени да напаѓаат пратеници, конгресмени, лидери на партии и избраници за јавни функции, за разлика од случајот во Скопје.

Во Вашингтон, на Трамп му беа потребни три часа за да излезе и да ги повика насилниците да се повлечат и да останат мирни.

И Груевски стори нешто слично после нападите на 27 април. На прес-конференција од Белата палата изјави дека сака да го осуди насилството кое поединци го направиле повредувајќи поголем број пратеници. Изјави дека никогаш не оправдувал насилство и ги повика институциите да ги откријат виновниците и да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд оние кои им нанеле повреди на пратениците, граѓаните и на полицајците.

Се разбира, Груевски под притисок на оние кои на прва ги предаде, мораше да ја смени својата позиција, па така веќе во ноември 2017 година излезе нова, целосно спротивна изјава: „Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон што го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон. Овие лица не сториле никакво кривично дело, туку си ја сакаа татковината и се бореа против тиранската платформа чија цел е двојазичност и редефинирање на Македонија.“

И во двата случаи, демократијата победи. Бајден беше потврден и инаугуриран за Претседател на САД, а во Скопје режимот на Груевски не успеа да спречи демократска промена на власта, а неговиот режим не успеа да преживее.

Во САД, повеќе од 900 индивидуи беа обвинети за учество во нападите врз демократијата, од кои 465 ја признале вината.

Кај нас, од 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок со упадот во Собранието на 27 април 2017 година, 16 се прогласени за виновни и добија повеќегодишни затворски казни. Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој во деновите пред и за време на упадот во Собранието бил носител на златна команда во МВР.

И во двата случаи доминираа, претходно и последователно по упадите, дезинформации со слични радикално-десничарски наративи, за кои постојано се докажува дека се организирани или поттикнувани од руски, домашни или трети анти-демократски центри.

Две години после 6 јануари 2021, денот насилниот упад во Капитол Хил, аналитичарите, медиумите, тинк тенковите, имаат уште повеќе причини да ги истражуваат сличностите, разликите и поврзаноста на чинителите засегнати во случајот Трамп и случајот Груевски.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: FRONTLINE

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 27 април6 јануариГруевскиКапитол хилнападнасилствопресудиСобраниетерористичко загрозувањеТрамп

НАЈНОВО

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk