ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарската партија „Продолжуваме со промената“ го врати мандатот неисполнет, Радев ги повика на средба за можна коалиција со ГЕРБ

January 9, 2023 09:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Втората најсилна партија во Бугарија, „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер Кирил Петков, денеска го врати мандатот за формирање нова влада, поради што продолжува политичката блокада во најсиромашната членка на Европската унија, пренесува МИА.

Партијата   која беше формирана во 2021 година во екот на масовните демонстрации против корупцијата,   не ја доби поддршката од парламентот за листата на национални приоритети што ја подготви во обид да формира малцинска влада со Партијата Демократска Бугарија.

Листата на национални приоритети на партијата Продолжуваме со проимената ја поддржаа 63 пратеници, а против беа 114 од 240 пратеници, по што партијата на Кирил Петков претпладнево му го врати мандатот на претседателот Румен Радев, доделен на нејзиниот кандидат за премиер Николај Денков.

„За жал, декларацијата не доби доволно политичка поддршка, но сигурен сум дека овој напор вредеше. Претстојат дискусии  за тоа како треба да се развива државата. Ова не е академска вежба, туку прашање на иднината на нашите деца и внуци, каде сакаме да живееме и како сакаме да живееме“, рече денеска тој откако го врати мандатот.

Пратениците од коалицијата околу партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и националистичка партија Преродба беа против, додека три политички опции беа воздржани, вклучително и Бугарската социјалистичка партија, поранешен сојузник на партијата на Кирил Петков.

Коалицијата на Бојко Борисов, која на вонредните парламентарни избори на 2 октомври освои најмногу гласови, но само 67 мандати, во декември не успеа да обезбеди мнозинство во парламентот.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев од своја страна инсистираше на разговор со претставниците на ПП за евентуална нивна соработка со ГЕРБ.

„Вчера вашите коалициски партнери од ДБ изјавија дека единствен начин да се формира влада со трет мандат е ако се постигне договор меѓу ГЕРБ и ПП и јас и вие ќе побараме од вас да разговараме за ова важно прашање“, повика тој.

Политичката криза во Бугарија трае од 2020 година, кога земјата беше потресена од демонстрации против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминирање на корупцијата и политичкото мешање во работата на медиумите и ефективна реформа на судството. Обидите на владата на Бојко Борисов да ги запре протестите со насилство поттикнаа дополнителен гнев и доведоа до подлабока поларизација на општеството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада е спречено поради острата поларизација меѓу партиите и нивната недоволна сила.

Оттогаш Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година.

Долготрајната политичка блокада може да го загрози влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2024 година и користењето на фондовите на ЕУ за закрепнување на земјата, а ќе ги одложи реформите неопходни за борба против корупцијата

Tags: „Продолжуваме со промената“бугаријаЕУКирил Петков
Next Post

Бајден во прва посета на Мексико како претседател на САД

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk