ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Лукароски: „Неутралната“ Телма тенденциозно го изостави премиерот Ковачевски од спомнување во текст

January 19, 2023 09:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Активистот Ацо Лукароски во објава на Фејсбук вели дека „неутралната“ телевизија Телма тенденциозно го изоставила премиерот Ковачевски од спомнување во текст кој информирал за настан на кој учествувал Премиерот.

„Денес сите медиуми ја објавија веста дека премиерот Ковачевски, министерката Костадиновска-Стојчевска и Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележија завршувањето на проектот за дигитализација на картотеките на зборови на македонски јазик. Медиумите опширно информираа за овој свечен настан. Она што ми падна во очи е што и „неутралната“ и „објективна“ ТЕЛМА информираше за овој, како што и самите го нарекоа, „историски ден за македонскиот јазик“, меѓутоа во долгиот текст воопшто не е спомнат премиерот Ковачевски. Во целост ги цитираа изјавите на сите присутни гости, опширно ја објаснија значајноста на овој проект, а за премиерот Ковачевски и за неговиот говор ниту збор. Како воопшто да не бил присутен“, пишува Лукароски.

Тој истакнува дека автор на текстот е Репортер за култура и уметност во Информативната редакција на ТВ Телма!

„Заклучоци нека си носи секој како што сака! Еве ја последната реченица и на унгарски јазик, за полесно да ја разбере авторот: Mindenki vonja le a következtetéseit, ahogy akarja!“, пишува на Фејсбук Лукароски.

Авторот на текстот на Телма во коментар под објавата вели дека премиерот не бил цензуриран и бил изоставен од тектот ради, како што вели, „избалансирана застапеност“ на политичките фигури.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Грујоска Јованова, присуствуваа на настан по повод завршниот Проект за дигитализација на картотеки на зборови на македонски јазик.

Станува збор за проект, поддржан со буџетски средства, преку кој што се овозможува трајно заштитување и дигитализација на околу 5 милиони записи со стари македонски зборови, дијалекти и записи, кои се дел од нашето духовно богатство. Овие записи со изворни македонски зборови и изрази на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ датираат од периодот на 14 и 15 век. Со проектот овие записи веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари, туку ќе се чуваат во дигитална форма, со што ќе се обезбеди нивно понатамошно зачувување како непроценливо национално богатство.

Ј. Ѓ.

 

 

Tags: Ацо Лукароскидигитализација на картотекиДимитар КовачевскиТелмацензура
Next Post

Тупанчески: Министерството предлага законски измени за т.н. затворски туризам

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk