Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска, пред самитот ЕУ-Украина следната недела, изјави дека Украина ја има безусловната поддршка од Унијата и дека земјата мора да ги надмине руските напади за да ги одбрани европските вредности.
„Ние стоиме покрај Украина без какви било ако и но“, рече Фон дер Лајен обраќајќи се на митингот на нејзината партија, Христијанско-демократската ЦДУ, во Дизелдорф, Германија.
„Украина „се бори за нашите заеднички вредности, се бори за почитување на меѓународното право и принципите на демократијата и затоа Украина мора да победи во оваа војна“, рече Фон дер Лајен.
Таа и нејзините колеги планираат самит ЕУ-Украина на 3 февруари.
Извор: МИА