По реакциите на дел од новинарските екипи што известуваат од одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во „Св. Спас“ во Скопје, владини претставници дозволија медиумите да изберат дали нивните сниматели и фоторепортери ќе влезат во црквата или ќе останат на платото пред неа, пренесува „360 Степени“.
Сепак, останува правилото дека ако снимател или фоторепортер влезе во кругот на црквата, потоа не може да излезе на платото.
Според првичните насоки што ги добиваа новинарските екипи од владини претставници, на снимателите и фоторепортерите не им беше дозволено да бидат пред црквата туку само внатре, а на платото може(ше) да се снима само со телефон.