ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предвремени избори не се опција, истакна Ковачевски на средба со амбасадорите на ЕУ

February 9, 2023 14:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската перспектива на Република Северна Македонија е реалност и земјата може да смета на поддршката од европските партнери за натамошните исчекори во евроинтеграцискиот процес, заклучено е на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир и со амбасадори на земји членки на ЕУ во Скопје.

Станува збор за редовен годишен состанок со резидентни амбасадори, на којшто, заедно со премиерот Ковачевски, денеска присуствуваа и Артан Груби, првиот заменик на претседателот на Владата, Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања и Бујар Османи, министер за надворешни работи, соопшти владината прес-служба.

На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со текот на евроинтеграцискиот процес на земјава, како и за предизвиците во глобален контекст, предизвикани од војната во Украина на економски и безбедносен план.

Најавена е натамошна поддршка и во делот на реформите, бидејки, како што е оценето, евроинтеграциите се опцијата за иднината и квалитетот на живот на граѓаните во Северна Македонија. Соопштено е дека се почитува лидерството во напредокот на државата и во храбрите и мудри одлуки што се носат во таа насока и дека се вреднуваат постигнувањата на рефомски план.

Премиерот Ковачевски и владините претставници изразиле благодарност за значајната поддршка на европските партнери во сите важни процеси за демократијата во земјава, при напредокот на Северна Македонија и отворањето на преговорите, во придвижувањето на процесот напред, како и за финансиската поддршка во напорите за надминување на предизвиците во глобалната, економско-енергетска криза.

– Отворени сме како Влада да ги зајакнеме капацитетите на Владата и да го зголемиме парламентарното мнозинство. Наши стратешки партнери се ЕУ и САД и ќе продолжиме да ја развиваме државата во таа насока, којашто носи сигурност и квалитетен живот на граѓаните, со фокус и кон сите реформи и во делот на владеењето на правото. Ние сме граѓанска држава, успешен пример на функционална, мултиетничка демократија, држава на рамноправни граѓани, со еднакви права и обврски и во тоа е нашата големина и вредност. Ќе продолжиме по патот напред, притоа, со категорична заштита на идентитетските одредници и на достоинството на граѓаните, истакнал премиерот Ковачевски.

На состанокот е соопштено дека предвремени избори не се опција, бидејки тие не се поврзани со можноста за напредок на државата, туку за политички агенди што не се во интерес на граѓаните.

– Избрани сме да водиме, Република Сверена Македонија го заслужува членството во Европската Унија, тоа е иднината на државата и ќе продолжиме да ја развиваме по европскиот пат, кажал вицепремиерот Груби.

Во дискусијата, од страна на владините претставници е оценето дека се реалност заканите од растечки национализам за лични и туѓи интереси во државите од Западен Балкан, поради што е неопходно да продолжи проширувањето на Европската Унија.

На состанокот е потенциран позитивниот тек на скрининг-процесот, со очекување дека фокусот при вреднувањето останува на примената на европските стандарди и европските вредности.

Tags: амбасадори на земји членки на ЕУДејвид ГирДимитар КовачевскиЕУСкопје
Next Post

Сали: Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „Трикафта“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Еминем со тужба против австралиски бренд поради името „Swim Shady“

November 18, 2025

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

November 18, 2025

Платформата X падна – илјадници корисници пријавуваат прекин во работата

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk