Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен утринава пристигна во Кијив, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Ова е прва посета на израелски министер на Украина од почетокот на руската инвазија пред речиси една година.
– Бевме со украинскиот народ и Украина во изминатата година, рече Коен по неговото пристигнување.
Ели Коен во Кијив ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наведува во соопштението за печат на израелското МНР.