ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Претседателката на Словенија: Потребен е внатрешен политички консензус за уставните измени

February 17, 2023 09:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Донесувањето на уставните измени е неопходен предуслов за Северна Македонија да продолжи во следната фаза на процесот на евроинтеграции и затоа е потребно да се изгради внатрешен политички и меѓупартиски консензус за негово успешно спроведување.

Ова го порача меѓу другото, новоизбраната претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на средбата со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е во официјалната посета на Љубљана.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, во однос на уставните измени, претседателот Џафери апелираше за обезбедување на гаранции од страна на земјите членки дека по нивното донесување, преговорите за членство ќе се водат исклучиво согласно критериумите на претходните земји кандидати и со почитување на општо прифатените европски вредности на кои се темели Европската унија.

На средбата од страна на Пирц Мусар било потенцирано дека меѓу приоритетите во текот на нејзиниот мандат е продолжување со процесот Брдо-Бриони, особено заради перспективата на Западен Балкан како важна стратешка одлука за безбедноста, стабилноста и иднината на Унијата.

Во тој контекст, се посочува, се предлага извесна промена на пристапот со вклучување на младите за нивна поголема регионална интеграција и соработка, што би придонесло за надминување на национализмот, предрасудите, популизмот, но и заради нивното значително иселување во последната деценија.

Упатувајќи и честитки за изборот на функцијата, претседателот на Собранието Џафери изразил поддршка на иницираните предлози, со укажување дека за спречување на процесот на одлив на млади луѓе од регионот, вклучително и од Република Северна Македонија, потребно е забрзување на евроинтеграцискиот процес со реализација на предвидените реформи, но и подобрување на економската состојба во земјата, обезбедување на нови работни места со соодветни примања, за младите лица да можат да останат дома и да придонесуваат во општествениот живот во земјата.

Претседателката Пирц Мусар, се додава, пројавила интерес и за моменталниот статус на односите со Република Бугарија и за тековниот скрининг и усогласеноста на домашното законодавство со тоа на Европската унија.

Tags: МакедонијаНаташа Пирц МусарСловенијаЏафери
Next Post

МВР со 37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk