Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во ненадејна посета на Кијив.
Веста за неговото пристигнување беше објавена на социјалните мрежи, каде се појавија и видеа како шета со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Бајден се прошета со Зеленски низ центарот на градот, а на видеата се слушаат и сирени за аларм.
Ова е прва посета на Бајден на Кијив како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија.
Токму поради оваа причина, не се очекува Бајден да остане во Кијив повеќе од неколку часа, но ненадејната посета беше оценета како историска. Меѓу другото, затоа што тоа се случува во неделата кога се одбележува една година откако Русија ја нападна Украина.
Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно најави дека Бајден во вторник попладне ќе одржи говор пред претседателската палата во Варшава, велејќи дека тоа ќе биде важна порака до светот.