Апсолутен рекордер во наплатата на патни трошоци во Собранието на Република Северна Македонија е пратеникот Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој инаку, од 2020 година, откако е пратеник во Собранието, поставил само две пратенички прашања, се потпишал на 389 амандмани и поднел само 26 материјали во парламентот, но затоа дневно во просек добивал по 3500 денари само за патни трошоци, пренесе „Рацин“.
Аџиоски, иако активно како опозиционер учевствува во блокирањето на закони кои се однесуваат на подобрување на животниот стандард на граѓаните и за надминување на економско- енергетската криза, сепак по основ на патни трошоци добил над 12 илјади евра од Буџетот на државата. Впечатокот е дека неговата работа во Собранието е сведена само на потпишување дека е присутен на седниците, но и на потпишување на амандмани со кои тој и неговата партија се обидуваат да ги блокираат институциите на државата.