Околу 10 милиони луѓе во Украина се изложени на ризик од ментални нарушувања како што се анксиозност, стрес и ПТСН, при што најтешко се погодени децата и постарите лица одвоени од нивните семејства, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, рече дека е познат факт дека менталното здравје е засегнато кај секој човек во Украина од војната.
„Знаеме од нашата последна здравствена анкета дека еден од 10 Украинци е погоден од војната и има умерена или тешка психичка состојба“, рече Клуге, говорејќи од Копенхаген, пренесува Аljazeera.
„И еден од пет лица погодени од војната има некаква состојба на ментално здравје која се движи од депресија, анксиозност до психоза.
Тој рече дека клучното прашање е да се дестигматизираат проблемите со менталното здравје и го пофали застапувањето на првата дама на Украина, Олена Зеленска за програмите за ментално здравје.
„Правиме многу курсеви за обука за самопомош кои можат да му помогнат на менталното здравје и да им пружиме прва психо-социјална помош на нивните соседи и на луѓето во општеството“, рече Клуге и додаде дека бил импресиониран кога видел дека постојат специјални шеми за финансирање во примарната здравствена заштита за да се обезбеди таа поддршка за менталното здравје
Подготви: А. Р.