На 23 февруари, Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави дека интензивното гранатирање во Вуледар, Доњецката област, сугерира дека Русија и покрај тоа што претрпела тешки неуспеси можеби се подготвува за уште една офанзива во областа.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 23 February 2023
Find out more about Defence Intelligence: https://t.co/wfwm9P2xXK
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/kJnDtbypjV
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) February 23, 2023
Според извештајот, украинските сили ги задржале патиштата за снабдување околу Бахмут и покрај обидите на Русија да го опколи градот. Борбите беа особено интензивни во последните 48 часа, пренесува Кијив Индепендент.
Во извештајот се додава дека операцијата Вуледар веројатно сè уште е одговорност на Источната група на сили на Русија. Нејзиниот командант, генерал полковник Рустам Мурадов, најверојатно се соочува со значителен притисок да постигне подобри резултати откако доби силни критики за претходните неуспеси. Сепак, сомнително е дека руските сили имаат ударна сила способна да постигнат какви било значајни придобивки.
Подготви: А. Р.