Опозицијата во албанското собрание денеска ќе има маратонска седница на која бараат физичко присуство на премиерот Рама, за да дебатираат за аферата „Мекгонигал“, а лидерот на демократите Сали Бериша најави дека протестите ќе продолжат на 3 март и покрај судската одлука. Според американскиот амбасадор во Косово, Ховениер, признавањето на Косово е еден од условите за членство на Србија во ЕУ.
Ова се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од главните теми во албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
Топ Чанел: Опозицијата денеска дебатира со Рама во Собранието за случајот Мекгонигал
„Пратеничката група на СП ќе има на располагање 750 минути, 350 минути за ДП, 70 минути за пратеничката група „Сојуз за промени“, 80 минути за „Правда и интеграција“, 30 минути за Партијата на слободата и истото време ќе биде доделено и за пратениците на ПСД.“
Последните пленарни седници беа тензични и хаотични, бидејќи опозицијата ја блокираше говорницата поради неисполнување на барањето за спроведување на предлогот за дебата со премиерот Рама со неговото физичко присуство во салата.“ пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.
Клан -Бериша: Протестот продолжува без разлика на одлуката на Судот
„Лидерот на Демократската партија Сали Бериша синоќа во „Милори лајв“ на КланЊуз изјави дека протестот ќе продолжи на 3 март и покрај одлуката на Судот за раководството на оваа политичка сила.
Бериша истакна дека свиканиот протест не е притисок врз Судот во Тирана, туку верува одлуката ќе биде во корист на плурализмот.“, пренесе албанскиот медиум Клан.
Газета Експрес – Ховениер: Признавањето на Косово од Србија е еден од условите за членство во ЕУ
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) на Косово, Џеф Ховениер изјави дека еден од условите Србија да стане членка на Европската унија (ЕУ) е признавањето на Република Косово, пренесе косовскиот медиум Газета Експрес.
Економиа Онлајн : Полициска акција за случајот „Брезовица“, упади во повеќе автосалони и приватни куќи во Приштина
„Косовската полиција во раните утрински часови во координација со Основното обвинителство во Урошевац и по наредба на Основниот суд во Феризај, Одделот за тешки кривични дела, започна полициска акција во рамките на истрагата за случајот „Брезовица “, пренесуваат од косовскиот дневник Економиа Онлајн.
РТК: 579 години од спогодбата на Лежа
„Договорот од Лежа, познат како Албанска лига на Лежа, Собранието на Лежа, Лигата на албанските кнезови, е Собрание на албанските кнезови од 1444 година, кои сакале да се оттргнат од врската со Отоманската империја, која била создавана со османлиското воено влијание.“ пишува во косовскиот медиум РТК.
Бота Сот: Дали на Албанците во поранешна ПЈРМ им треба „Здружение на албански општини“?
„Беше само прашање на време кога една од албанските партии во поранешна ПЈРМ ќе ја злоупотреби деликатната ситуација создадена со инсистирањето на Србија на „Република Србија“ на Косово, повлекувајќи паралели меѓу Србите во Косово и Албанците во поранешна ПЈРМ. . И така се случи.“, извадок од колумната „Дали на Албанците во поранешна ПЈРМ им треба „Заедница на албански општини“?“, од авторот Африм Фанда, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.
Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа