ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Инвестираме за сигурна енергетска иднина, но потребна е и енергетска одговорност од секој од нас

March 5, 2023 15:07
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА

Заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук дава свој осврт за инвестициите за сигурна енергетска иднина по повод Денот на енергетска ефикасност, 5 март.

Сите домаќинства, сите институции, сите компании, сите ние можеме да ги обезбедиме условите за добар живот и за сè што е потребно за деловен развој и со доста помала потрошувачка на енергија.

Енергетската ефикасност штеди енергија, но суштината е подлабока бидејќи крајниот исход е заштитена животна средина, заштедени финансии и свесни и одговорни генерации.

Со креирањето на заедничката европска енергетска политика и со вклучувањето на нашиот регион и нашата држава во неа, ЕУ покажа исклучива одговорност во заштита на населението од кризата предизвикана од руската војна врз Украина.

Покрај директната финансиска помош од ЕУ во износ од 80 милиони евра, Северна Македонија од Унијата добива и постојана поддршка во изградбата капацитети за искористување на обновливите извори енергија. Таков е примерот со најновата поддршка која ја добивме во февруари оваа година за реновирање на шест хидроелектрани низ државата и за нови ветерници кај Богданци.

СЕП, како единствена институција која може да аплицира проекти во име на државата во Инвестициската рамка за Западен Балкан, интензивно работи со институциите на апликации и на последниот, осмиот повик, аплициравме за следните два инвестициски грантови од областа на енергетиката и тоа:

Инвестиции за енергетска ефикасности во објекти во сопственост на Владата на Република Северна Македонија. Грант во износ од 2.5 милиони за интесвенирање и зголемување на енергетска ефикасност на 18 здравствени објекти, со вкупна инвестиција 27,5 милиони евра.

Зајакнување на мрежата за дистрибуција на струја во југоисточниот дел на државата. Грантот од околу 8 милиони евра ќе овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независнота на земјата за производство на сопствена струја. Вкупната инвестиција е 34,4 милиони евра.

Инвестираме за сигурна енергетска иднина, но потребна е и енергетска одговорност од секој од нас. Тоа е мојата порака на Денот на енергетска ефикасност, 5 март.

 

Tags: енергетска ефикасностЕУинвестицииМаричиќ
Next Post

Битиќи: Сите да бидеме повнимателни и погрижливи кон трошењето енергија во нашите средини

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk