Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за #Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба.
Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%.