ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

ЕУ ја лоцира Бугарија како клучен производител на муниција потребна за украинската одбрана

March 17, 2023 17:29
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Борјан Јовановски 

Комесарот за индустрија, Тиери Бретон, ги маркираше фабриките во Бугарија како потенцијал за огромно зголемување на производството на муниција со која би требало да се задоволат потребите на украинската одбрана. За време на посетата на Бугарија, Бретон рече дека е време да се премине од плановите на акција, да се идентификуваат фабриките кои би можеле брзо да го зголемат производството, нивните потреби и капацитет и да се предвидат потенцијални тесни грла во синџирот на снабдување.

Минатата недела Жозеп Борел и јас го предложивме овој план за зголемување на производството, а сега сум на „терен“. Бретон рече дека посетил три доверливи производствени локации – една од нив била во државна сопственост .

„Бугарија има добар капацитет значително да го зголеми производството, во временска рамка што може да биде компатибилна со она што го бараме“, рече Бретон.

Неодамна беше објавено за тоа како муницијата од Бугарија можеби ја спасила Украина со испорака на една третина од муницијата потребна за украинските воени сили. Но, Бугарија е во неизвесност откако прозападната влада на премиерот Кирил Петков беше принудена да поднесе оставка минатиот јуни, со нови избори кои треба да се одржат за неколку недели. Во меѓувреме, претседателот на земјата, Румен Радев, беше критикуван за про-Кремљ реторика.

Запрашан за потенцијалниот ризик од потпирање на земјата со озлогласена елитана пријателска Русија, Бретон инсистираше на тоа дека е охрабрен од позитивните сигнали од актуелната влада на Бугарија и дека не е загрижен за доверливоста на земјата кога станува збор за полнење на резервите на муниција на земјите од ЕУ.

На прашањето за  прорускиот став на Радев, Бретон одговори- „Не гледам некои посебни политички ризици“.

Бугарските фирми според еврокомесарот имаат капацитет да ги зголемат пратките до нивните сегашни клиенти, кои се членки на ЕУ.

„Земјите кои имаат залихи ќе можат да ги дадат на Украина, а производителите ќе можат да го зголемат своето производство за да ги надополнат тие залихи. За мене беше многу важно да ја имам оваа гаранција“, вели Бретон.

Од Бугарија, европскот комесар од својата мисија во потрага по муниција за Украина, заминува во Словачка, Чешка, Полска, Франција и Романија, земји членки на ЕУ кои се смета дека имаат потенцијал да го зголемат производството на муниција.

Во февруари, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека сегашната стапка на трошоците за муниција во Украина е многу пати повисока од актуелната  стапка на производство.

„Најважното,  прашање денес за украинската армија е да има континуиран проток на муниција“, изјави  Жозеп Борел. „Ако не успееме во тоа, навистина, резултатот од војната е во опасност“.

Борел рече дека руските сили истрелуваат  околу 50.000 куршуми артилерија секој ден, во споредба со околу 6.000-7.000 од Украина.

Извор: НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бугаријавојна во УхраинамуницијаТиери Бретон

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk