Украинскиот претседателот Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој се одобрува предлогот на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции против 141 правно лице и 300 физички лица, вклучително и сирискиот претседател Башар ал Асад.
Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки, објави Киев Индепендент.
Санкции се воведени и против сирискиот премиер Хусеин Арнус и министерот за надворешни работи на земјата Фајсал Мекдад.
Повеќето од лицата на списокот со санкции се руски државјани, но во него има и голем број ирански државјани. Рестрикциите влијаат на руските компании за истражување и производство, бродоградба и воздухопловство. На списокот се наоѓаат и неколку ирански компании.
Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, ограничување на трговското работење и суспензија на економските и финансиските обврски.
Украина ги прекина дипломатските односи со Сирија во јуни минатата година, откако Дамаск ги призна областите окупирани од Русија во источна Украина како независни држави.
Главната управа за разузнавање при Министерството за одбрана вчера соопшти дека вратила две Украинки и шест деца од сириско заробеништво.
Според извештајот, Украинците биле држени во „ужасни услови“ во Сирија.
Дури и во услови на руска агресивна војна, Украина не заборава на своите граѓани во неволја и ќе дојде да помогне каде било на земјината топка, напиша Управата за разузнавање.
Г. Т.