ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Игор Бандовиќ, Центар за безбедносни политики, Белград: Средбата Вучиќ – Курти е добра основа за нормализирање на односите, но не смее да застане тука

March 20, 2023 14:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Игор Бандовиќ е директор на Белградскиот центар за безбедносни политики од 2019 година. БЦБП е независен истражувачки центар кој придонесува кон унапредувањето на безбедноста на граѓанките и граѓаните во согласност со демократските принципи и почитувањето на човековите права. Организацијата се занимава со истражување, јавно застапување, развој на заедниците и образование.

Во изминатиот период и сега, БЦБП се занимава со темите како заробување на државата, одговорност, и организиран криминал. Како прв човек на БЦБП, Бандовиќ е релевантен соговорник за прашањата на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Нашиот соговорник има низа професионални и експертски достигнувања и во работата во УНДП, ИОМ, Европскиот фонд за Балкан и други.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бандовиќ по повод средбата меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти во Охрид, 18 март, кога двајцата лидери го поддржаа Анексот за имплементација на Договорот на ЕУ за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате процесот во целост и дали средбата во Охрид е чекор кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово?

ИГОР БАНДОВИЌ: Сметам дека во Охрид е постигнат значителен напредок кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Француско-германскиот предлог за договор и анексот што беа договорени во Охрид претставуваат досега најзначајниот напредок во решавањето на односите меѓу Белград и Приштина во последните 10 години.

Причината за ова е предлогот за договор кој се занимава со суштински работи меѓу Косово и Србија, како и штотуку договорениот анекс кој ја одредува временската рамка за негова имплементација.

Тоа е многу добра основа за уредување и нормализирање на односите, но не смее да застане тука.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каква е перспективата на овие разговори, односно процесот во целост? 

ИГОР БАНДОВИЌ: Перспективата во голема мера зависи од раководството на Белград и Приштина, политичката волја за спроведување на договорот, но и пошироката мобилизација на општеството во Косово и Србија да се сврти кон иднината преку меѓусебно почитување, почитување на човековите и малцинските права, и борбата против дискриминацијата и на Косово и во Србија.

Овој договор мора да стане жив документ кој ќе биде прифатен од сите, дополнително елабориран и надграден за реално да се решат оние теми кои не се опфатени со договорот, а покрај исчезнатите лица споменати во анексот, треба да се занимаваме и со наследството од минатото во поширока смисла, зајакнувањето на врските на косовските Албанци и Срби во Косово и Србија, подобрувањето на културната, економската и секоја друга соработка што настрада како резултат на лошите и нарушени односи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја коментирате улогата на Северна Македонија во овие процеси?

Улогата на Северна Македонија да биде домаќин на ваков собир е добар сигнал и знак дека Македонија може да биде конструктивен фактор и пример за решавање на односите меѓу соседите во иднина, помагајќи им на Србија и на Косово да најдат решенија. Дополнително, бидејќи решенијата за билатерални односи станаа практично голем проблем за натамошното проширување на Европската унија на Балканот, сите земји од Балканот или пошироко во Југоисточна Европа треба да најдат решенија за нивните билатерални спорови, како оние што постојат денес, така и оние кои ќе постојат во иднина.

Клучот е да се направи овој дел од Европа хармоничен и неконфликтен како и секој друг.

Џ. Дерала


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Next Post

Лога на средба со Филипиду: Ќе поднесеме ново барање за екстрадиција на еск разузнавачите Грујовски и Бошкоски

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk