ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски на средба со Бербок: Германија ужива голема репутација и длабока почит меѓу нашите граѓани

March 23, 2023 15:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

На состанокот е заеднички нагласено долгогодишното искрено и силно македонско-германско пријателство и партнерство, во 30-те години од воспоставувањето дипломатски односи, што се навршуваат оваа година.

Пренесена е јасна и конкретна порака дека Германија стои до Северна Македонија за следниот исчекор на нашата држава во европските интеграции. При тоа е изразено очекување дека ова стратешко прашање за државата и за регионот ќе биде во преден план на сите политички субјекти во земјава.

Нагласено е дека е од суштинска важност за севкупниот геополитички контекст, целиот регион да продолжи да се движи на патеката на евроинтеграциите. И во таа насока е поздравена улогата на премиерот Ковачевски и на Република Северна Македонија, како фактор на дијалогот и стабилноста во Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски го поздрави доаѓањето на министерката Бербок во уште еден важен момент за Република Северна Македонија.

„Направивме историски исчекор и ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ, во јули 2022 година, што означи почеток на квалитативно нова фаза во односите со Европската Унија, по 17 години од стекнувањето кандидатски статус и по бројните предизвици на патот кон полноправно членство во ЕУ, со активната поддршка на Германија, којашто особено беше клучна за време на германското претседателство со ЕУ во 2020 година. Денес таа поддршка повторно ја имаме и е од големо значење затоа што Германија ужива голема репутација и длабока почит меѓу нашите граѓани”, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи и на значењето на соработката со Германија на економски план, со оглед дека Германија е прв трговски партнер на Северна Македонија во последните години, петти странски директен инвеститор во земјава, во којашто работат околу 200 германски компании, дека 45 проценти од вкупниот македонски извоз оди во Германија, како и дека големата македонска дијаспора во Германија е уште еден цврст мост во меѓусебната соработка.

На состанокот е поздравена и 100-процентната усогласеност на надворешната политика на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Премиерот Ковачевски рече дека Северна Македонија е подготвена и како претседавач со ОБСЕ да придонесе во процесите за поголема стабилност во севкупната европска безбедност.

„Политиката на проширување најдиректно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи“, оцени премиерот Ковачевски.

На средбата е истакнато и значењето на Берлински процес како движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво и како иницијатор на акционите планови за Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Зелената агенда.

Tags: БербокВладаГерманијаКовачевскиМакедонија
Next Post

Кулеба се заблагодари на Исланд за признавањето на Хлодоморот како геноцид врз украинскиот народ

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk