ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина го повика светот да ја отфрли нуклеарната провокација од криминалниот режим на Путин

Изјава на Министерството за надворешни работи на Украина во врска со намерите на РФ да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

March 26, 2023 22:44
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Последната изјава на Руската Федерација во врска со нејзините намери да стационира тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија е уште еден провокативен чекор на криминалниот режим на Путин, кој ги поткопува основните принципи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, архитектурата на нуклеарното разоружување и меѓународниот безбедносен систем како целина, соопшти Министерството за надворешни работи на Украина.

„Ваквите намери не можат а да не предизвикаат загриженост за целата меѓународна заедница, по изјавите од Русија во услови на продолжување на нејзината неиспровоцирана воена агресија против Украина. И покрај ужасните злосторства против човештвото и воените злосторства извршени од Кремљ како дел од нејзината воена агресија против една суверена нација, Русија го демонстрира својот неуспех да надвладее на бојното поле“, се вели во соопштението на украинското МНР.

Украина упати апел и до белоруското општество да го спречи исполнувањето на овие криминални цели, со распоредувањето нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, што е спротивно на нејзините обврски од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, што дополнително ќе ја претвори оваа земја во заложник на Кремљ и ќе доведе до катастрофални последици за нејзината иднина.

Понатаму, украинското МНР апелира и до земјите од Групата седум и Европската унија да ги предупредат белоруските власти за далекусежните последици за Белорусија, доколку се согласи да прифати тактичко нуклеарно оружје од Русија на нејзина територија.

„Украина очекува ефективни мерки на спротивставување на нуклеарната уцена на Кремљ. Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција, особено како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат примарна одговорност за спречување на закани од агресија со употреба на нуклеарни оружје. Бараме веднаш да се свика вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за таа цел“, се нагласува во соопштението на МНР на Украина.

Украина ги повика сите членови на светската заедница да заземат цврст став и силно да отфрлат уште една нуклеарна провокација од страна на криминалниот режим на Путин и да преземат решителни мерки за ефективно да ја одвратат и спречат секоја можна употреба на нуклеарно оружје од страна на државата агресор.

„Русија уште еднаш ја потврдува својата хронична неспособност да биде одговорен поседувач на нуклеарно оружје како средство за одвраќање и спречување на војна, а не како алатка за закани и заплашување. Светот мора да се обедини против оној кој ја загрозува иднината на човечката цивилизација“, соопштува Министерството за надворешни работи на Украина.

Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Лагите се немоќни пред испитот на реалноста

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk