На 28 март, пет планети ќе бидат видливи на северната хемисфера. Јупитер, Меркур, Уран, Марс и Венера ќе се наредат во голема планетарна линија веднаш по зајдисонце. Иако порамнувањето на две или три планети е прилично вообичаено, гледањето на пет планети на небото одеднаш е ретко задоволство, пренесува Daily Mail.
Меркур и Јупитер ќе бидат видливи во близина на хоризонтот, додека Венера ќе свети повисоко на небото, а Марс ќе биде во близина на првата четвртина од Месечината. Овие четири планети – особено Меркур и Јупитер – ќе биде лесно да се забележат. Но, не сите планети ќе бидат видливи со голо око. Со оглед на неговата оддалеченост од Земјата, двоглед или телескоп се неопходни за да се види Уран.
Ако сте заинтересирани да го видите планетарното порамнување, постојат апликации кои можат да ви помогнат да разберете што можете да очекувате да видите. На пример, користејќи ја апликацијата Sky Tonight, ќе можете брзо да ги откриете планетите на небото на вашата локација, како и нивните услови за видливост.
Всушност, вашата локација, како и временските услови, ќе бидат главните фактори за одредување дали ќе можете или не да го видите реткиот настан.
„Доколку немате ведро небо и речиси рамен западен хоризонт без пречки како што се дрвја или згради, нема да ги видите Јупитер и Меркур“, вели Рик Фиенберг, главен уредник во Sky & Telescope.
И ако поради некоја причина го пропуштите ова големо планетарно порамнување, не грижете се. Во април ќе има две помали порамнувања. На 11 април Меркур, Уран, Венера и Марс ќе се појават на небото. А потоа, неколку недели подоцна на 29 април, истата група ќе има повторно ќе биде видлива.
Подготви: Ј. Ѓ.