Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека во Екатеринбург е уапсен дописникот на „Волстрит журнал“, Американецот Еван Гершкович под сомнение за шпионажа.
Во соопштението на ФСБ се наведува дека а 32-годишниот Гершкович е осомничен за шпионажа во корист на американската Влада.
– Гершкович по инструкции на американската страна, собрал информации кои се државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс, посочува ФСБ.
На новинарот му се заканува затворска казна до 20 години.