Комесарот за човекови права Волкер Турк денеска изјави дека кршењето на човековите права при руската инвазија на Украина е „шокантно рутински“ и дека бројот на цивилни жртви е далеку поголем од официјалните бројки.
Тој изјави дека украинската нација „се бори да преживее“.
„По 13 месеци од војната на Руската Федерација против Украина, грубото кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право стана шокантна рутина. Луѓето низ целата земја се соочуваат со огромно страдање и загуба, лишување, раселување и уништување“, рече тој.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права потврди повеќе од 8.400 цивилни жртви и повеќе од 14.000 ранети цивили.
„Тие бројки се само врвот на ледениот брег. Повеќето од жртвите се резултат на употребата на експлозивно оружје во станбени области од страна на руските сили“, рече Турк.
Советот за човекови права на ОН е единственото тело што ги штити човековите права ширум светот и нема правно обврзувачки овластувања, но препораките и проценките што ги дава може да поттикнат истраги што обезбедуваат докази до националните и меѓународните судови.