ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Пирц Мусар: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, Северна Македонија има важна улога во европската стабилност

April 3, 2023 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 31 година од воспоставувањето на дипломатските односи во 1992 година, Северна Македонија и Словенија создадоа стабилна основа за цврсто и напредно партнерство кое ќе продолжи во насока на зајакнување на соработката токму во насока на натамошно интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави, констатираа на денешната средба во Љубљана премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

На средбата поздравени се политиките на дијалог со коишто Северна Македонија успешно ги унапредува добрососедските односи, со што придонесува и во регионалниот мир и европската стабилност. Притоа е изразена силна поддршка за интензивирање на динамиката на евроинтеграцискиот процес.

-Политиката на проширување на ЕУ најдиректно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во регионот, унапредувањето на демократијата, владеењето на правото,  заштитата на човековите права и слободи и за зајакнување на конкурентноста на економиите на државите. Во таа насока изразувам благодарност до Република Словенија што е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Северна Македонија, како и на перспективите за членство во Европската Унија на целиот Западен Балкан, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски посочи и дека нашата држава е целосно поставена на линија на надворешната политика на ЕУ и дека практикува европски вредности, со што покажа дека го заслужува своето место во Унијата.

Партнерството меѓу двете држави ќе биде потврдено и засилено и за време на претстојната посета на словенечката претседателка Пирц Мусар на Република Северна Македонија.

Tags: Димитар КовачевскиНаташа Пирц МусарСловенија
Next Post

МЖСПП: Високите концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 во мерната станица „Велес 2“ последица на градежни активности во непосредна близина

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk