Турската полиција приведе повеќе од 110 лица за време на рациите во 21 провинција поради наводна поврзаност со курдските милитанти, објави Ројтерс.
Заменик-претседателот на прокурдската Народна демократска партија (ХДП) Тајип Темел напиша на Твитер дека за време на рациите биле приведени политичари, новинари, адвокати и активисти за човекови права.
Во пресрет на изборите, власта повторно почна да апси од страв да не ја загуби власта, напиша Темел.
Seçim arifesinde iktidar kaybetme korkusuyla yine gözaltı operasyonlarına sarıldı. Sabah partimizin MYK üyeleri, eşbaşkan yardımcıları, gazeteci, sanatçı ve avukatların içinde olduğu onlarca arkadaşımız Amed’te gözaltına alındılar…
Kaybetmekten kurtulamayacaksınız!— Tayip Temel (@TayipTemel) April 25, 2023
Парламентарните и претседателските избори во Турција се закажани за 14 мај.
Уапсените се осомничени за финансирање на забранетата Курдска работничка партија (ПКК), регрутирање членови или ангажирање во пропаганда во име на групата.
Освен Турција, ПКК за терористичка организација ја сметаат и САД и ЕУ.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ќе се бори за трет мандат на изборите, се наоѓа пред најголемиот предизвик во неговата 20-годишна кариера.
Истражувањата на јавното мислење му дадоа на кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу блага предност во однос на Ердоган.
ХДП му даде премолчена поддршка на Киличдароглу, по одлуката да нема свој кандидат во претседателската трка.
Г. Т.