ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Да ги исполниме задачите и да продолжиме со земјите кои преговараат со ЕУ на патот кон членство

April 29, 2023 11:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел се сретна со Сајмон Мордју, советникот за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која разговараа за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, во услови на новата геополитичка реалност.

– Имаме иста желба и цел, наскоро Северна Македонија да ја видиме во рамките на ЕУ. Вратата на ЕУ е отворена, задачите кои ги имаме мора да ги исполниме и да продолжиме со земјите кои преговаат со ЕУ на патот кон членство во Унијата, рече Маричиќ, пренесува Секретаријатот за европски прашања.

Соговорниците, стои во соопштението од СЕП, се согласија дека оваа година Северна Македонија треба успешно да заврши дел од обврските кон ЕУ и да го отвори првиот кластер „Фундаментални вредности“.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ на состанокот посочил дека македонската Влада е свесна за предизвиците и дека е подготвена да работи на нивно надминување и на европските реформи.

Мордју, пак, навел дека постои позитивно расположение кај Европската Унија за проширување и дека тоа е шанса за регионот и Северна Македонија сега да ја обезбеди очигледната европска перспектива, за што потребни се брзи резултати, а не само декларативна посветеност на европската интеграција.

Маричиќ и Мордју изразиле верување дека ќе се задржи динамиката на процесот на преговори со ЕУ и ќе добие континуитет, поради што вицепремиерот смета дека „на овој процес треба да гледаме како на одлична можност побрзо да ги совладаме европските правила кои ќе нè направат членка на ЕУ“.

Во рамки на својата работна посета во Брисел вицепремиерот Маричиќ и македонската делегација се сретнала и со вршителката на должност директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Микела Матуела, со која одржале координативен состанок во врска со текот на преговарачкиот процес и идните чекори кои треба да се направат до завршувањето на скрининг процесот.

Маричиќ истакнал дека ја цениме поддршката од европските институции во процесот на преговори и дека силен фокус е ставен на следен напредок кон ЕУ, со верување дека како што вели тој „ќе успееме оваа година да отвориме важни политички поглавја“.

Од СЕП информираат дека на средбата било разговарано и за сеопфатните актуелни реформи што ги спроведува Северна Македонија во областите како што се владеењето на правото, демократските институции и реформата на јавната администрација.

Tags: ЕУМаричиќСЕПсредба
Next Post

Бислимоски: Нови 300 MW капацитет од обновливи извори за енергија ќе бидат приклучени на мрежа годинава

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk