ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: На повидок нови докази за аферата Мекгонигал; САД бара мерки за партиите во Албанија што купуваат гласови

May 11, 2023 11:44
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во фокусот на медиумите во Албанија денеска покрај предизборната кампања, се наоѓа и најавата од поранешен кандидат за американскиот Сенат дека ќе објави докази против поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал. Денеска во Република Косово престојува Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, кој имаше средба со косовскиот премиер Курти.

Во продолжение е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Сури: Се проширува аферата Мекгонигал / Американски политичар: Ќе објавам нови докази за предавство и корупција

„Еверет Стерн, поранешен кандидат за американскиот Сенат и директор за разузнавање во приватната разузнавачка агенција „Тактички зајак“ во САД, најави дека ќе објави повеќе штетни докази против поранешниот шеф на контраразузнавањето на ФБИ, Чарлс Мекгонигал.

Според Инсајдер, Мекгонигал е обвинет за перење пари и кршење на американските закони за санкции, откако наводно му помагал на рускиот олигарх Олег Дерипаска.“, пренесе Сури.

Визион Плус – Јури Ким: Да се преземат мерки против партиите кои купуваат гласови

„Американската амбасадорка  во Тирана, Јури  Ким, даде јасна порака до органите на прогонот, да ги казнат сите политички субјекти кои ќе ги купат гласовите на граѓаните на локалните избори на 14 мај.“, пренесе Визион Плус.

КОСОВО

РВТ 21 – Лајчак по средбата со Курти: Има или нормализација или конфликт

„Можеме да имаме или нормализација или конфликт. Секако дека сакаме целосно да се фокусираме на нормализацијата, затоа сакаме да избегнеме каква било ескалација, тоа не е во ничиј интерес“, изјави  Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак за медиумите, по денешната средба со косовскиот премиер Албин Курти, пренесе РТВ 21.

Зери: Србија продолжува да го прекршува договорот, и се заблагодари  на Унгарија што гласаше против Косово во Советот на Европа

„Србија уште еднаш го прекрши договорот постигнат во Брисел со Косово, каде страните се договорија меѓусебно да не се попречуваат во пристапувањето кон меѓународните организации.

Неодамна министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ при посетата на Унгарија му се заблагодари на својот колега Петер Сијарто за односот на Унгарија кон барањето на Косово за членство во Советот на Европа.

Министерот за надворешни работи Дачиќ во име на својот народ се заблагодари за последниот став во врска со барањето на Косово за членство во Советот на Европа“, се вели во твитот од Министерството за надворешни работи на Србија.“, пренесе Зери.

Бота Прес – Фон Крамон: Одлуката на Владата за експропријации во Лепосавиќ и Зубин Поток е неприфатлива, ситуацијата е кревка

Известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, ја нарече „неприфатлива“ одлуката на Владата за експропријација на недвижен имот во општина Лепосавиќ и Зубин Поток.

„Ова е една од моите главни грижи во моментов бидејќи гледаме дека стабилноста на север, ако можеме така да ја наречеме, е многу кревка. Не може да биде во наш интерес да има повеќе оган во овој процес. Дефинитивно ќе се справиме со ова“ – додаде таа понатаму.

Косовската влада денеска донесе прелиминарна одлука за експропријација за јавен интерес на недвижен имот кои се неопходни за реализација на „Инфраструктурни проекти од јавен интерес“, во општина Лепосавиќ и општина Зубин Поток.“, пренесува Бота Прес.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн: Миграцијата нема да запре, ние мора да се прилагодиме!

„Веројатно не треба да се поларизираме, но треба да видиме како да го искористиме најдоброто од ситуацијата. Особено политичарите не треба да се обидуваат да профитираат бидејќи нивните политики се причина за миграцијата. Ние мора да го разбереме овој слој, да им помогнеме на нив и на себе, да ги поддржиме и разбереме. Миграцијата не може да се контролира со зборови. Имаме задача, да видиме како да ги трансформираме денешните мигранти во идни инвеститори, а во меѓувреме да инвестираме и да се развиваме во ИКТ секторот за да ги искористиме моментумот и ситуацијата.“, пишува авторот Шенол Мухареми во колумната „Миграцијата нема да запре, ние мора да се прилагодиме!“, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед

May 23, 2025

„Мадам Батерфлај“ – емотивна оперска вечер во рамки на 53. „Мајски оперски вечери“

May 23, 2025

Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на топлинската енергија

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk