Со почетокот на туристичката сезона во Грција, во месец април биле отворени 123.000 нови работни места, од кои 90.000 се однесуваат на угостителството и туризмот, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а најголема побарувачка имало за келнери, готвачи, собарки и рецепционери, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци што ги пренесува весникот, во периодот јануари- април 2023 со 180.566 нови работни места земјата бележи нов рекорд, а најголемиот број од новите вработувања (61.723) се во хотелите, 29.102 нови работни места се во угостителство, а потоа следи малопродажбата.
Меѓу десетте професии со најголема побарувачка и најмногу вработувања се келнерите, помошниците келнери и шанкерите со 28.582 нови вработувања, готвачите со 19.174, собарките со 12.381 нови вработувања, рецепционери итн.