Пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов, во својата емисија на руската државна телевизија Русија 1, се закани со силни последици во случај на руски пораз во Украина. Новинарката Џулија Дејвис објави клип од неговата емисија, во која гостуваше филмскиот режисер и сценарист Карен Шахназаров, пишува Њусвик.
Propagandists on Vladimir Solovyov’s show bemoaned Russia’s internal divisions and the lack of young people, which consequently led to older people serving on the frontlines. Solovyov claimed that Russians in their 60s are in tremendous physical shape.https://t.co/bSXfVIYRoh
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 17, 2023
Шахназаров се запраша дали руските граѓани целосно ја разбираат „тежината на заканата“ што ја носи исходот на војната и дека конфликтот е „многу покомплексен и поопасен“ од Втората светска војна. Тој нагласи дека современото руско општество воопшто не е слично на она што постоеше во 1941 година кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз.
Според него, денешните Руси пораснале конзумирајќи ја американската култура. Тој смета дека во земјата има внатрешни поделби и недостиг на млади луѓе, што значи дека повозрасните граѓани се наоѓаат на првите борбени линии во Украина.
Војната е судбоносна за нас. Нашите политички елити мора да го разберат тоа. Треба да почнеме да признаваме дека ова не е само специјална воена операција, туку војна. Ако ја изгубиме оваа војна, ќе исчезнеме како некои индиски племиња, рече тој.
Филмскиот режисер посочи дека поразот на московските сили во Украина ќе поттикне да се пишуваат книги во иднина за тоа „како Русија се изгубила себеси и Евроазија“.
Ако загубиме, ќе го повлечеме целиот свет со себе, се вклучи Соловјов, изразувајќи надеж дека Украинците се свесни за потенцијалните последици од рускиот пораз.
Дозволете ми да ве потсетам што рече врховниот командант – „кому му е потребен светот ако Русија не е во него?“, продолжи тој, цитирајќи го рускиот претседател Владимир Путин. Водителот потоа рече дека Русија треба да го употреби своето нуклеарно оружје, да ги укине ограничувањата против тестирање и „убедливо да покаже што има“.
Од почетокот на инвазијата на Путин, Соловјов постојано зборуваше дека Русија треба да ги искористи своите капацитети на нуклеарно оружје за да ги нападне западните земји кои ја поддржуваат Украина. Минатата недела во неговата радио емисија „Полн контакт“ тој порача дека „нуклеарната војна е неизбежна“.
Г. Т.
ДОПОЛНУВАЊЕ:
Видеото беше блокирано од Русите на Јутуб. Веднаш потоа, Џ. Дејвис објави нов линк до видеото:
Propagandists bemoaned Russia’s internal divisions and the lack of young people, which consequently led to older people serving on the frontlines. Solovyov claimed that Russians in their 60s are in tremendous physical shape.
Blocked by the Russians on YouTube, watch it here ⤵️ pic.twitter.com/icEPTmmvkt
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) May 17, 2023