ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Граѓанските организации и експертите од Западен Балкан го трасираат патот кон трансформација на регионалната економија

May 22, 2023 16:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан започна на 22 мај, а до 26 мај ќе ја одбележат низа паралелни активности во повеќе земји од Западен Балкан, под заедничкото мото „Партнерство за циркуларност“. ЛогЕкс (LogEx) заедницата во чиј состав влегуваат повеќе од десет големи граѓански организации, експерти, универзитети и бизниси, преку еднонеделните активности ќе понуди нови идеи и решенија за одржливи практики. Сите тие веруваат дека преку концептот на циркуларната економија може да се обликува новата, зелена иднина на Западен Балкан.

Регионалната иницијатива ЛогЕкс(LogEx), формирана од Балкан Форум во 2021 година, има цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има за цел негување на соработка и поттикнување значајни промени во регионот. Овие активности се спроведуваат со поддршка од Rockefeller Brothers Fund.

Членките на ЛогЕкс (LogEx) заедницата се: The Balkan Forum (СБ), Build Green Group (Албанија), CENER 21, COD Jajce (Босна и Херцеговина), CIVIL / Green CIVIL (Северна Македонија), Universum International College (Косово), YIHR (Србија), ADP-Zid (Црна Гора).

Тие оваа недела ја одбележуваат преку конференции, интерактивни работилници, обуки за млади претприемачи, онлајн активности за значењето и потребата од циркуларна економија.

Балкан Форум и Универзум

Конференцијата „Циркуларна економија и одржливост“ се одржа денеска како почетен настан на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан, во организација на Балкан Форум и Универзитетот Универзум.

Учесници на конференцијата беа претставници од регионот на Западен Балкан и ЕУ.

Конференцијата има за цел да ја зајакне јавната свест за потребата да се движиме од сегашниот линеарен економски модел кон модел на циркуларна економија со нула отпад преку придонесување за одржливост.

Зелен ЦИВИЛ/ЦИВИЛ

Зелен ЦИВИЛ, организациска единица на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Неделата на циркуларна економија ја стартуваше со прес конференција на која ги најави активностите што ќе ја одбележат Неделата во Северна Македонија.

Конференцијата насловена „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ ќе се одржи утре, 23 мај, со почеток во 10 часот.  Учесници на Конференцијата се високи претставници од владата, бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество и ќе говорат во четири получасовни сесии. објавување и промоција на публикација со истиот наслов, како и интензивна медиумска продукција.

Зелен ЦИВИЛ продуцираше два документарци за успешни бизниси кои вклучуваат модели на циркуларната економија во нивната работа, што ќе бидат објавени на 25 и 26 мај. Неделата на циркуларна економија Зелен ЦИВИЛ ќе ја проследи со интензивна медиумска продукција и објавување и промоција на публикација со истиот наслов.

(CENTER 21) Центар 21, Центар за енергија, животна средина и ресурси, Сараево, Босна и Херцеговина

Граѓанската организација, Центар 21. Неделата на циркуларна економија ја одбележува со дводневна интерактивна работилница за обединување на заштитата на животната средина и претприемништвото. На работилницата предводена од експертката Амела Искриќ Хаџиќ, учесниците ќе добијат вредни сознанија за бизнисите засновани на циркуларната економија. За иновативните решенија и бизнис планови за зелено претприемништво, најкреативните идеи ќе добијат награди, а сите учесници сертификат за учество.

Build Green Group

Граѓанското здружение од Албанија, Build Green Group, организира младинската обука „Партнерство за циркуларност“ наменета за млади поединци кои се страстни за одржливост и заинтересирани да научат повеќе за циркуларната економија. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во интерактивни работилници, да слушнат од стручни говорници и да соработуваат со колегите за да го истражат концептот на циркуларност и неговата примена во контекст на бизнисот. Преку студии на случај и практични вежби, учесниците ќе стекнат подлабоко разбирање за циркуларните деловни модели, принципите на кружен дизајн и циркуларно управување со синџирот на снабдување.

Овој преглед содржи само еден дел од големиот број активности што ќе се спроведат во рамките на Неделата на циркуларната економија на Западен Балкан, што оваа година се одржува по втор пат.

Биљана Јордановска/Зелен ЦИВИЛ

Tags: Западен Балканрегионалната економијатрансформација
Next Post

Парламентарното Собрание на НАТО ги прогласи руските злосторства во Украина за геноцид

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk