ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Шукова од Конференцијата на Цивил: Со реупотреба на отпадот ќе ја зајакнеме националната економија, заштитувајќи ја животната средина

May 23, 2023 14:24
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Воспоставувањето на циркуларната економија, почнувајќи од промената на менталната перцепција на економскиот напредок и воспоставувањето на целиот нов пристап кон производството, репороматеријалите, иновативните технолошки процеси и управувањето со отпадот што го создававме, го сметам за еден од најголемите приоритети во животната средина“, истакна министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, во своето излагање на регионалната конференцијата на ЦИВИЛ: „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“.

Таа зборуваше во првата сесија насловена „Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кој даде поголем акцент на зелената транзиција во целина.

Министерката Шукова нагласи дека ефикасното намалување на отпадот што го создаваме е возможно исклучиво со градење на силни партнерства со сите засегнати страни, почнувајќи од националните и локалните власти, колективните постапувачи со отпад, бизнис заедницата, граѓанскиот сектор и, секако, самите граѓани.

„Ние како Влада го препознаваме непотребното создавање на отпад, како и финансиските, еколошките и социјалните трошоци на создавањето на непотребен отпад и потребата за соодветно управување со нашите лимитирани ресурси. Од тука фокус ставаме на превенцијата – спречување на создавањето на отпад. Но, еден од најважните моменти е воспоставување на системот на селектирање, реупотреба и рециклирање на отпадот, додека она што ќе заврши на депоните ќе биде само мал дел што нема да има употребна вредност. Само така можеме да ја зајакнеме националната економија, истовремено заштитувајќи ја животната средина во локални, национални, регионални и глобални рамки“, рече Шукова.

Според неа, најголем предизвик, на национално и на локално ниво кој ќе го одбележи периодот што е пред нас, е реализација на заемот што државата го доби од Европската банка за обнова и развој за воспоствување на регионалниот систем за интегрирано управување со отпад во сите плански региони во државата.

„Заемот е наменет за изградба на основната инфраструктура, односно регионалните депонии, претоварни станици, набавка на контејнери и возила, со што ќе се пристапи кон конкретна изградба на неопходната современа инфраструктура и конечното воспоставување на системот за регионално интегрирано управување со отпад како единствена исплатлива опција на национално и локално ниво“, додаде Шукова.

Конференцијата беше  хибридна, со физичко присуство и онлајн вклучување и поделена на четири получасовни сесии, во кои учествуваа претставници од бизнис секторот, медиумите и граѓанското општество од нашата дртжава и Западен Балкан.

Настанот е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан (22-26 мај 2023) под мотото „Партнерство за циркуларност“.

 

Tags: Каја ШуковаКонференцијаЦИВИЛ
Next Post

За кавадаречките екскурзијанти и македонските работи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk