Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на Форумот на Глобсек 2023 во Братислава во 10:30 часот, ќе се обрати на панелот на тема: „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра”.
Во рамки на агендата, премиерот Ковачевски денеска ќе одржи билатерална средба со францукиот претседател Емануел Макрон, со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, а одржа средба и со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Безбедносниот форум на Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18 издание на Форумот, има за цел да го потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.