Кога станува збор за медиумите и нивната улога во однос на пренесување на националистички пораки и содржини, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, посочи дека токму медиумите се едни од најважните актери во промовирањето на национализмот, наместо да бидат првите во сопирање и подигање на свеста против оваа појава.
„Медиумите се огласна табла за ултранационалисти, наместо да бидат критичкиот простор за јавноста во која национализмот ќе биде сопрен, ќе му се крене тој ѕид. Тие станаа места каде што имате директна, отворена ултра-националистичка порака, секој, ден, на сите можни начини, и исто така ги имате, што можеби е уште по страшно, се прикриените, латентните националистички пораки.“, посочи Дерала.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски
Извор Цивил Медиа