„Го слушам Ковачевски кај Попетревски. Од зборувањето на премиерот и неговото објаснување, сфаќам дека во делот од Уставните измени и пред сè носење на Уставни амандмани, има еден куп демократски пракси и процедури. Да речеме на пример: Владата е подносител, па се формираат работни групи, па се прави подготовка на иницијатива, па иницијативата се доставува до Министерството за правда, па министерството ја доставува до Владата, па Владата ја разгледува иницијативата и ја испраќа до Собранието итн.“, пишува во објава на Фејсбук политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
Тој нагласува дека „во демократија постојат пракси и процедури, правила на игра, обврзувања, договори… За Мицкоски и неговата десница овие работи се заморни. Не случајно се наречени популисти и демагози“.
„Во суштина, Ковачевски и ДУИ спремни се сè да им прифатат на Мицковци само за да го продолжиме европскиот пат. Несомнено е дека СДСМ и Ковачевски многу жртвуваат, ама некој и тоа мора да го направи кога од другата страна имаме уплашени и уценети луѓе“, вели Јовановиќ.
Јовановиќ истакнува дека сега, во ваква ситуација, на СДСМ им треба поддршка.
„Ситуацијата, по се изгледа е конфузна, драматична и неизвесна. Единствено што можам да кажам во овој момент дека СДСМ и Ковачевски ја имаат мојата поддршка. Ако чекаме на уплашените, ништо од нас нема да биде. Поддршка од мене за Ковачевски и само напред. Ова е време во кое им е потребна нашата искрена поддршка“, потенцира Јовановиќ.