Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги повика партнерите на самитот на НАТО во Вилнус да донесат одлуки кои ќе ја доближат Украина до влезот во Алијансата. Ова го објави на Твитер украинската амбасадорка Лариса Дир.
475 ден. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ги повика партнерите на самитот на НАТО во Вилнус да донесат одлуки кои ќе ја доближат Украина до влезот во Алијансата.#StrongerTogether#StandWithUkraine#CloseUASkyNOW pic.twitter.com/DAkKXbfL3S
— Larysa Dir (@dir_larysa) June 13, 2023
„Членството на Украина ќе помогне да се спречат идни војни откако оваа војна ќе заврши со победа на нашата држава. Украина како дел од Алијансата ќе биде сигурен штит што ќе го штити нејзиното источно крило и ќе може ефективно да го одврати потенцијалниот агресор. Нема сомнеж дека членството на Украина ќе го направи НАТО посилен. Всушност, ние веќе ја зајакнуваме Алијансата, бранејќи ги нејзините членки од потенцијалните нови бранови на руска агресија, како и споделувајќи воено искуство“, истакнал министерот Кулеба.