ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Организираниот криминал цвета во руските вооружени сили

June 13, 2023 15:33
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Украинска правда

Фото: Украинска правда

Институционализираниот воен криминал во Русија процвета во услови на распаѓање на стариот советски воен естаблишмент и несмасна борба за создавање руски вооружени сили кои ги исполнуваат дури и минималните критериуми за професионална сила. Ова особено дојде до израз со руската воена агресија, кога испливаа на површина сите аномалии во дотогаш (барем на хартија) втората светска воена сила.

Додека сè помал број руски воени професионалци и демократски реформатори се обидуваат да изградат кохезивна воена институција, нивните напори се поткопани од системската корупција и криминалот што е особено очигледен на највисоките нивоа на военото и цивилното раководство, се нотира во неколку публикации на Канцеларијата за странски воени студии.

Аналогни проблеми има и кај оние органи на прогонот и безбедноста кои имаат за цел да го поддржат внатрешниот ред и да се борат против криминалот. Сегашната состојба во руските вооружени сили вклучува корумпирани генерали, офицери за трговија со дрога и оружје, нелегални пренасочувања на огромни финансиски и материјални ресурси, спонтани експлозии на складишта за муниција, злоупотреба на руските мировни и борбени сили и растечки развој. Воениот криминал се прошири далеку од руските и регионалните граници. Криминалот во руските вооружени сили е сериозна и растечка закана за демократизацијата, економскиот развој и стабилноста во целиот регион, како и централно прашање во односите на Русија со другите земји.

Руските вооружени сили кои се наоѓаат среде превирања, неизвесност и внатрешна војна се повеќе се дефинира со високите нивоа на воен криминал и корупцијата вградена во него на секое ниво. Воениот криминал сега е директно поврзан со руското Министерство за одбрана, Генералштаб и други високи штабови; транспорт, градежништво, и логистички организации; единици и команди за комбинирано вооружување; технички ориентирани и високо обучени стратешки ударни и воздушни одбранбени формации; воени истражувачки организации; и военообразовните компоненти.

Индивидуалните воени криминалци се движат од генерали и теренски офицери до најобични регрути.

Во голема мера незаузданото криминално продирање на рускиот воен естаблишмент длабоко влијае на неговата кохезивност, сигурност и борбена ефикасност. Тоа предизвикува вознемирувачки прашања за способноста на руската армија да обезбеди безбедносна средина погодна за одржливи демократски реформи во Русија и да служи како сигурен меѓународен партнер во безбедносни договори, програми и заеднички активности.

На домашен план, широко распространетата „комерцијализација“ на клучните воени компоненти како што се Централната воена транспортна дирекција, Воената транспортна авијација, Дирекцијата за воена трговија и Дирекцијата за воена градба во обид да се генерираат оперативни приходи или исполнување на други барања за воена поддршка, го доведе рускиот воен персонал во мноштво криминални потфати.

Ова вклучува блиски врски со организирани криминални групи надвор од војската. Дополнително, се чини дека организациите поврзани со војската, чија задача е да го насочуваат и продаваат руското оружје и воена опрема низ светот, добиле и криминални димензии.

Воениот криминал на самата руска територија претставува еден збир на проблеми. Но, руските трупи распоредени надвор од руските граници, како во Украинa, во области на етнички конфликт или граѓанска војна се оценуваат дека се во „посебна ризична зона“ што се однесува до нивната вмешаност во организиран криминал. Поврзаноста на конфликтите и криминалните можности се покажаа особено корозивни за распоредените руски сили, а криминалното наследство што го оставија заминатите руски гарнизонски сили во Источна Европа и балтичките земји исто така се покажа токсично. Во државата и во странство, новата каста на воени криминалци – за кои еден руски коментатор тврдеше дека го формирале своето мислење за водење бизнис под услови „приближни на оние на бојното поле“ – станаа составен дел на руската армија.

Во крвавата војна на Русија против Украина, се чини дека Владимир Путин ги положува своите надежи за победа врз самонаречениот „синдикат за организиран криминал“ кој трагаше по затвори за ладнокрвни убијци и распоредува платеници за да ги зајакне ненаситните воени потреби.

Според извештаите објавени од независните руски истражувачки медиуми iStories и The Insider, кои открија вознемирувачки детали за улогата на озлогласената група Вагнер и нејзиниот шеф, Евгениј Пригожин во војната.

По безброј извештаи дека бизнисменот поврзан со Кремљ, Евгениј Пригожин, лично ги обиколувал руските затвори и им ветувал целосна амнестија на затворениците доколку се борат за Вагнер во Украина, вработен во казнената колонија со високо обезбедување во регионот Тула ја откри вистинската причина зад очајниот нагон за регрутирање.

Идентификуван само како Иван, вработениот за „Инсајдер“ изјави дека Пригожин лично го посетил на 24 јули и им рекол на затворениците дека редовната руска војска „слабее“ и „не може да се справи“ со војната.

Пригожин тогаш изјавил дека добил наредба од претседателот Путин „да ги искористи сите можни ресурси“ за да победи во војната, и ја нарекол својата организација – организирана криминална група, зборувајќи за предноста од учеството во војна преку неговата криминална организација.

За сега, руското министерство за одбрана, да побара парамилитантните криминални организации целосно да се стават под капата на Министерството.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Владимир Путинвооружени силиЕвгениј Пригожинорганизиран криминалруски
Next Post

Фестивал на приказни за деца и млади „Крошна" и меѓународен симпозиум за раскажување приказни „Да ги раскажеме нашите приказни!" во Скопје  

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk