ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: САД бараат безусловно ослободување на косовските полицајци; ЕУ чека од НАТО прибирање факти за случајот; во Тирана протести за поддршка на Косово

June 16, 2023 10:41
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

САД синоќа побараа безусловно ослободување на косовските полицајци од Србија, додека ЕУ чекаат прибирање факти за случајот поради двете контрадикторни приказни од српската и косовската страна. Во Тирана денеска протести за поддршка на Косово и отчет на Рама.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

РТВ 21: САД бараат безусловно ослободување на косовските полицајци

„Портпаролот на Стејт департментот , Метју Милер, во синоќа  изјави дека Србија треба безусловно да ги ослободи тројцата припадници на косовската полиција, кои беа приведени од српските сили на 14 јуни.

„Сметаме дека Косово и Србија треба да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата“, изјави Милер за медиумите, пренесува РТВ 21.

Арбреш: Во Тирана Денеска протест  за поддршка на Косово: „Вчера, денес, утре, засекогаш заедно“

Денеска во Тирана ќе се одржи протест за поддршка на Косово за состојбите низ кои минува.

„Вчера, денес, утре, засекогаш заедно“, е повикот што на социјалните мрежи  се упатува до граѓаните, за утрешниот протест пред премиерот во 19 часот.

Оваа иницијатива беше поттикната за поддршка на Косово, како и изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за откажување на средбата на двете влади, пренесува Арбреш.

Радио Косова е Лире – Лајчак: Чекаме НАТО да ги собере фактите бидејќи имаме две контрадикторни приказни

„Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, во кратката изјава за „Геопост“ во врска со киднапирањето на тројца косовски полицајци на територијата на земјата, рече дека чекаат КФОР да ги доставиме информациите.

„Чекаме НАТО да ги собере фактите, побаравме од двете страни да ги изнесат фактите бидејќи имаме две контрадикторни приказни“, рече тој. На следното прашање дали имаат информации каде се наоѓаат косовските полицајци, неговиот одговор беше: „Во контакт сме со двете страни“.“, пренесе Радио Косова е Лире.

РТК: Независната комисија за медиуми  ќе расправа  за суспензијата на лиценцата на Клан Косова

„Независната комисија за медиуми соопшти дека е известено дека вчера Агенцијата за регистрација на бизниси го суспендирала деловниот сертификат на трговската компанија „Клан Косова“ ДОО.

Од КПМ најавуваат дека ќе се осврне на ова прашање на состанокот во петок, 16.06.2023 година.

Министерството за индустрија, претприемништво и трговија, претходно соопшти дека поднело кривична пријава во Одделот за тешки криминали при полицијата на Република Косово, против Трговското друштво „КЛАН КОСОВА“ ДОО, одговорните службени лица од Агенцијата за регистрација на бизниси и одговорните лица на компанијата, под сомнение за злоупотреба на службената должност, како и злоупотреба на економски овластувања.“, пренесе РТК.

Флака: Жестока дебата за Косово во албанскиот парламент

„На пленарната седница на Собранието на Албанија се одвиваше жестока  дебата за ставот на албанската влада кон Косово.

Пратениците од опозицијата побараа присуство на премиерот Еди Рама во Собранието, за да даде отчет за откажувањето на средбите на двете влади и нацртот за Заедницата на општините со српско мнозинство на северот на Косово.“, пренесе Флака.

КОЛУМНА

Коха: Што тргна наопаку во бриселскиот дијалог

“Со прифаќање на одбивањето на Србија да го потпише Основниот договор од Брисел од 27 февруари 2023 година, се чини дека процесот се фокусира само на прашањата за кои Република Србија сака да разговара и кои бараат жртви само од Република Косово. Целиот процес, вклучително и германско-француската иницијатива за основен договор, се чини дека е трансформиран во машина за притисок врз Косово да ги прифати барањата на Србија, целосно игнорирајќи го наводниот баланс на бриселскиот основни договор.“, пишува професорот по меѓународно право и меѓународни уставни студии на Универзитетот во Кембриџ, Марк Велер,  во опширната анализа насловена „Што тргна наопаку во Бриселскиот дијалог“, објавена во Коха на англиски и албански јазик.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Два камиказе беспилотни летала уништени ноќта над регионот на Миколаив

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk