ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Седми протест „Србија против насилство“ во Белград, овојпат собири и во Ниш, Крагуевац и Нови Сад

June 17, 2023 19:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Протести „Србија против насилството“ во Белград на српските опозициски партии како реакција на двете масовни престрелки, 3 јуни 2023 година. (REUTERS/N1)

Протести „Србија против насилството“ во Белград на српските опозициски партии како реакција на двете масовни престрелки, 3 јуни 2023 година. (REUTERS/N1)

Пред Парламентот во Белград започна седмиот протест „Србија против насилство“. Оваа сабота протести се одржуваат и во Крагуевац, Нови Сад и Ниш, објави N1.

Организаторите на протестите вчера одлучија да ја скратат маршрутата, како што велат, на барање на граѓаните на кои претходно најавената рута им била премногу долга.

На почетокот на протестот во Белград пред граѓаните се обрати новинарот Смиљан Бањац, кој истакна дека „доколку не бидат исполнети барањата, од следниот пат тргнуваме во конкретни акции“, порачувајќи „или ќе запре насилството, или ќе запре Србија“.

Барањата од овие протести се „да престане промовирањето насилство во јавниот простор, тоа подразбира итно разрешување на сите членови на РЕМ, итно укинување на емитувањето на реални шоуа и емисии кои промовираат насилство, агресија, неморал на телевизија со национална фреквенција, забрана на печатени медиуми чија содржина промовира насилство, агресија, објавува лажни вести и го прекршува новинарскиот кодекс, одземање на националната фреквенција на ТВ Пинк и ТВ Хепи, како и институционална одговорност што значи разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и првиот човек на БИА Александар Вулин“.

Šta kažu nema ljudi 💪 pic.twitter.com/modE44I64C

— Dobar Loš Vučić (@asomakumbrother) June 17, 2023

По одржаните говори, во градовите каде се организирани собири тргнаа протестните прошетки.

Протестите „Србија против насилство“ почнаа да се одржуваат од 8 мај.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и се обрати на нацијата утре, недела, 18 јуни, во 10 часот, соопшти неговиот кабинет. Причината за ова уште едно вонредно обраќање на претседателот на Србија не е прецизирана.

Г. Т.

Tags: барањаГрадовинасилствопротестиСрбија
Next Post

Интервју со Богоев: Справувањето со шверцот и корупцијата ќе биде еден од моите приоритети во претстојниот период на чело на Царинската управа

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk