ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Медиуми: Уапсен екс-градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ

June 30, 2023 08:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот градоначалник на скопската општина Центар, Владимир Тодоровиќ синоќа бил уапсен, пренесоа неколку медиуми.

На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев.

Според медиумите, овие приведувања се поврзани поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот Око, дел од Скопје 2014.

Според ЈО осомничените, во периодот од 2009 до 2012 година, при спроведување постапка за јавни набавки, со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на проектот за изградба на пешачкиот мост „Око“ на реката Вардар да стекне имотна корист во износ од 26.653.424 денари.

По склучување на договорот во висина од 92.546.647 денари за јавна набавка на работи, Општина Центар како инвеститор, од една страна, и изведувачот на градежните работи, од друга, склучен е и анекс на договорот за јавна набавка, со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783 денари.

Мост Око
Мост Око

„Првоосомичениот како извршен орган на Општината и потписник на договорот за јавни набавки и анекс-договорот за јавна набавка, второосомничениот како потписник на барањата за исплата, кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот, и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот во согласност со договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавните набавки. Осомничените во согласност со своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714 денари за дадените аванси“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Република Македонија од 2018 година.

Оттаму тогаш објавија дека првоосомничениот во согласност со склучениот анекс-договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710 денари, која, по раскинувањето на договорот, требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.

МВР засега не се огласува за случајот.

Tags: апсењеВладимир ТодоровиќМВРМост ОкоТинекс
Next Post

Казнети 205 возачи во Скопје, 55 за брзо возење

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk