Политичкиот аналитичар и новинар Зоран Иванов за пораките кои ги испрати германскиот канцелар Олаф Шолц од Берлин по средбата со премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски, за Локално вели дека со тоа се гарантира дека на Бугарија нема да и биде дозволено и понатаму да се изживува врз Македонија за идентитетски и историски теми.
Во однос на тоа дали пораките за уставните измени се конкректно насочени кон опозицијата, Иванов вели дека Шолц не уценил, туку со недипломатски речник рекол „земете или оставете“.
-И порача дека нема шанси ниту запирка да се промени од преговарачката рамка во која многу се вложи и германската и француската дипломатија. Со неа практично не извлекоа од канџите на Бугарија и не ставија на бриселската маса недоразбирањата со нашиот источен сосед да ги решаваме пред сведоци, пред сите други држави членки на ЕУ. Да не беше рамката сега ќе бевме и надвор од интегративниот процес и ќе бевме оставени да се справуваме со бугарските децениски идентитски хирови, истакнува новинарот.