ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Поврзување на платежните инфраструктури на Западен Балкан и Европската единствена платежна област за намалување на трошоците за плаќањата и олеснување на трговијата и инвестициите

June 30, 2023 09:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од суштинско значење за Регионот на Западен Балкан е поврзување на платежните инфраструктури со оние во рамките на Единствената европска платежа област (СЕПА). Преку прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА, ќе се подобри ефикасноста кај плаќањата, ќе се намалат трошоците и ќе се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од нашите граници. Ова беше една од главните пораки упатени на првиот ден од 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија, која се одржува на 29 и 30 јуни во Охрид.

На првата панел– дискусија која се одржа под модераторската палка на преставничката на Европскиот совет за плаќања (ЕСП), Силвија ди Лило, истакнати панелисти од централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и нашата централна банка, дискутираа за предизвиците за исполнување на барањата за пристапувањето кон СЕПА. Претставничката на ЕСП ги истакна придобивките од придружувањето кон СЕПА во вид на поттикнување на дигитализацијата и модернизацијата на плаќањата во корист на финансиската вклученост. Но, беше посочено и дека станува збор за долг процес кој бара големи политички, деловни и регулаторни напори, а за кој ја имаме поддршката од ЕСП. Панелистите во своите излагања ги потврдија многубројните придобивки кои би произлегле од соработката во регионот и членството во СЕПА, истакнувајќи дека тие се силно посветени на модернизацијата на плаќањата на Западен Балкан за да се забрза членството во СЕПА и Системот за инстант плаќања  ̶ Таргет. На втората панел-дискусија, разгледувајќи ги искуствата на земјите кои пристапиле кон СЕПА, како Романија, и земјите кои аплицирале за членство, на пример Грузија, беше истакнато дека станува збор за долготраен процес во кој треба да се вклучат сите засегнати страни.

За време на Конференцијата беше разговарано и за улогата на системите за големи плаќања и за инстант плаќањата управувани од Евросистемот, како катализатор за иновациите во платежните системи. Од аспект на темата за дигиталните валути на централните банки, беше посочено дека високиот интерес за нив е добар показател дека овие валути наскоро ќе станат дел од секојдневниот живот на луѓето.

Дискусиите на Конференцијата продолжуваат и денеска, насочени кон отвореното банкарство и Европската иницијатива за плаќањата.

Tags: Европска единствена платежна областЗападен БалканКонференцијаНБ
Next Post

Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 и реновирани 12 домови во општините Шуто Оризари и Велес со поддршка на ЕУ

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk